По 0,50 куни од секоја продадена лименка ќе се донираат за проекти за заштита на рисот, волкот, делфинот и белоглавиот орел. Акцијата ја поддржаа и хрватските фудбалски репрезентативци Домагој Вида, Андреј Крамариќ и Доминик Ливаковиќ.
Хрватска е една од најбогатите европски земји во нејзината биолошка разновидност. Речиси 30 отсто од нејзината територија е дел од еколошката мрежа Натура 2000, што ја става земјата на високо второ место во Европа по големината на еко-мрежата. И покрај природните богатства, многу животински видови во Хрватска се загрозени, а некои од најзагрозените се рисот, волкот, делфините и белоглавиот орел. Таа е и една од ретките европски земји во која на едно место живеат сите овие четири животни.
Парите собрани преку кампањата „Заштитени со закон“, „Загребска пивара“ ќе ги донира на здруженијата кои спроведуваат програми за заштита, надзор и грижа за рисот, волкот, делфинот и белоглавиот орел во Хрватска.
“Ожујско се занимава со активни прашања, а овојпат желба ни беше да ја кренеме свеста на пошироката јавност за животните заштитени со закон и со заеднички сили да придонесеме за нивниот опстанок. Дизајниравме посебна серија лименки, а покренавме и интернет страница на која потрошувачите ќе можат да добијат повеќе информации за кампањата. Си поставивме амбициозна цел, а тоа е да собереме повеќе од 600.000 куни кои ќе бидат уплатени на здруженијата за проекти кои се најважни за нашите заштитени животни“, изјави Иван Шувар, директор на маркетинг во Загребска пивара.