Home » Во фокусот » Пазарот за маркетинг комуникации во Србија забележа раст во 2017 година!

Пазарот за маркетинг комуникации во Србија забележа раст во 2017 година!

Во изминатите неколку месеци, порталот Маркетинг Мрежа спроведе темелна и длабока анализа на агенциите кои работат во Србија во областа на пазарните комуникации, наречена Agency Report.

Целта на оваа студија беше да се анализира пазарот за 2017 година и да се добие увид во состојбата на индустријата, собирање на транспарентни податоци и рангирање на агенциите според различни критериуми. Се работи за единствена платформа за истражување и известување која има повеќекратна намена и далекусежно влијание на пазарот на маркетинг комуникации во Србија.

Извештајот #AgencyReport18 покажа дека во периодот од 2012 до 2017 година се отворени дури 136 нови агенции, од кои најмногу новоотворени се агенции за маркетинг комуникации (60), потоа агенции за дигитални комуникации (30) и агенции за односи со јавност и комуникации (26). Во моментов во Србија, во областа на пазарни комуникации и маркетинг, има дури 288 правни лица (без претприемачи).

Агенциите кои биле предмет на анализа работат во најголем процент (30 отсто) од 6 до 10 години, како и од 0 до 5 години и од 11 до 15 години (24 отсто).

Вкупните приходи на ниво на целата индустрија во 2017 година изнесувале 45,2 милијарди динари, што претставува пораст од 2,36% во споредба со 2016 година. Вкупната нето добивка на ниво на целата индустрија во Србија во претходната година изнесуваше 2,5 милијарди динари, што претставува раст од 6,09 отсто во однос на 2016 година.

Според приходите во 2017 година, најголемото пазарно учество ималe агенциите за закуп на медиуми и програмирање на планови за огласување за 45,04 проценти. Оваа групација на агенции оствари вкупни приходи од околу 20,3 милијарди динари, додека нето добивката е нешто над 700 милиони динари.

Агенциите за маркетинг комуникации во минатата година, со пазарен удел од 26.30 проценти, имале приходи од речиси 12 милијарди динари на ниво на групација од 112 првни лица, додека вкупната нето добивката за годината била околу 698 милиони динари.

Пад на нето добивката на ниво на индустријата забележале само агенциите за односи со јавност и комуникации (-12%), агенциите за закуп на медиуми и програмирање на плановите за огласување (-19,75%), како и агенциите за организирање на саеми и други настани (-26,76%).

Пад на приходите на ниво на индустријата забележале агенциите за пазарни комуникации (-0,91%) и агенциите за организирање саеми и други настани (-2,52%).

Агенциите за дигитален маркетинг се убедливо најстабилна и најбрзо растечка групација на агенции на пазарот за маркетинг комуникации во Србија. Зголемувањето на оперативниот приход од 26,92 проценти и нето добивката за 94,07 проценти на оваа групација само потврдува дека клиентите се повеќе пари од буџетот одвојуваат за дигитални комуникации, кои по сите показатели ќе бидат тренд и во наредните години.

Категоријата агенции за организирање на саеми и други настани е единствената која на ниво на индустријата забележа лоши оперативни резултати во изминатата година – пад на оперативните приходи за 2,52 отсто, а нето добивката за 26,76 отсто. Доколку агенциите не воведат новини во оваа област и продолжи трендот на намалување на буџетот на клиентите за овој тип услуги, оваа групација на агенции може да очекува голема криза во наредните години.

Категоријата на агенции за маркетинг и социјални истражувања забележа стагнација во изминатата година, а големи промени и престројувања на ранг листата се очекуваат уште од наредната година. Причината за ова, може да се наведе дека IPSOS на почетокот на август оваа година, објави дека е постигнат договор на глобално ниво, со досегашниот конкурент GfK за преземање на четири клучни сегменти од работењето: задоволството на клиентите, здравство, истражување на иновации и јавни работи. Еден од условите за аквизацијата е и и преземање на 1.000 експерти од GfK, истражувачи и вработени од 25 земји во кои GfK работеше во овие сегменти.

Интересно е да се напомене дека дури над 50% од агенциите за комуникации и односи со јавност забележаа пад на оперативните приходи во споредба со 2016 година. Исто така, 27 од вкупно 37 агенции од ранг листата не вработиле ниту еден нов колега во изминатата година.

Кога станува збор за бројот на вработени на ниво на индустријата, агенциите во Србија вработуваат над 3.700 луѓе. Повеќето од нив се ангажирани од агенциите за пазарна комуникација (1.411), иако во 2017 година тие го забележаа најмалиот процент на нововработени, од само 1.73% во однос на 2016 година. Агенциите за надворешно огласување вработуваат 558 луѓе, а агенциите за дигитален маркетинг вкупно 443 луѓе.

Платите во областа на пазарните комуникации се над просечните плати во Србија. Просечната нето плата на вработените во агенциите за закуп на медиуми и програмирање на планови за огласување била најголема на ниво на цената на индустрија, а во изминатата година изнесувала околу 700 евра, додека агенциите за пазарни комуникации и агенциите за маркетинг и социјални истражувања, на своите вработени им плаќаат околу 600 евра. Најмалите нето приходи се во агенциите за клипинг и анализа на медиумите, околу 250 евра, како и во агенциите за организација на саеми и други настани, околу 320 евра.

# Анализата на #AgencyReport18 покажа дека пазарот на маркетинг комуникации во Србија бележи благ раст по сите финансиски параметри, но од друга страна, забележан е многу висок процент на новосоздадени правни лица во оваа индустрија, што значи дека, доколку овој тренд продолжи, може да доведе до презаситеност на пазарот и борба на голем број на агенции за мал дел од пазарниот колач.

Извештајот Agency Report е долгорочен проект на Маркетинг мрежа и ќе се спроведува секоја година. Проектот е целосно во согласност со мисијата и визијата на Маркетинг Мрежата во смисла на транспарентност, развој и хармонизација на пазарот во Србија со пазарите на развиените земји во светот.

Автор на текстот: Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Маркетинг мрежа

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365