Новиот визуелен идентитет ќе биде претставен на амбалажата, билбордите, ТВ и дигиталните реклами
Пепси ја претстави својата нова глобална маркетинг платформа и слоган за новата година, откривајќи дека слоганот “For the Love Of It” ќе го замени “Live for Now” на повеќе од 100 пазари.
Новиот визуелен идентитет ќе биде претставен преку нови амбалажа, билборди, ТВ и дигитални реклами.
Во објаснувањето на кампањата, од Пепси, велат дека ова е најзначајната промена на овај бренд во последните седум години.
Роберто Риос, потпретседател за маркетинг на Пепси, по овој повод изјави: “Ние самоуверено го славиме она што го претставуваме – култен бренд кој е вкоренет во забавата со освежувачки и вкусни пијалоци во светот – но и она што го претставуваат нашите пријатели, љубители на кола”.
Во склоп на овој нов пристап, Пепси, исто така, влезе во партнерство со музичкиот продуцент Сајмон Фулер и цела низа на поп музичари, New United, група која ги обединува не помалку од 14 пејачи и танчери од целиот свет, која ќе ги сними идните реклами за овој бренд.