PepsiCo годинава ќе ги пренасочи своите огласувачки буџети на брендовите на газирани пијалоци како Pepsi и Gatorade оваа година, откако поголемиот дел од 2017 година се фокусираше на промовирање на новиот асортиман на здрави производи.
Во извештајот на компанијата за четвртиот квартал се наведува стагнација на приходите, при што се забележува дека во нивниот сегмент на пијалаци во САД (каде што компанијата остварува една третина од својот бизнис) евидентирани се најлоши резултати, со пад од 3%.
Нивниот бренд за флаширана вода Lifewtr, лансиран во 2016 година, беше во фокусот на маркетинг напорите минатата година, при што компанијата го стави овај производ во центарот на минатогодишната високобуџетна кампањи за Супер Боул.
Сепак, оваа година Супер Боул камањата се фокусираше на нивните традиционални брендови, Pepsi, Mountain Dew и Doritos, со што се насети каде компанијата се надева дека ќе постигне раст оваа година.
“За 2018 година, ги зголемивме рекламните буџети за големите брендови и очекуваме позитивен ефект од тоа“, вели Хју Џонсон, главен финансиски директор на компанијата, додавајќи: “Но, како и со повеќето кампањи, тоа може да потрае неколку квартали додека не го видиме целосниот ефект. Значи, очекуваме последователно подобрување во секој квартал. “
Ова, исто така, ќе се одрази и во маркетингот на продажните места, каде што Џонстон тврди дека нивните “големи брендови” ќе бидат повеќе видливи на полиците и генерално, во продавниците.