Home » Во фокусот » Пет начини како да се поврзете со ‘милениумците’ преку радио

Пет начини како да се поврзете со ‘милениумците’ преку радио

Колумна на Мери Бет Гарбер, извршен потпретседател за радио анализи и истражувања во Kat Radio Group, дел од Katz Media Group. Текстот е првично објавен на MarketingProfs.

Перцепцијата на поголемиот број од луѓето за тоа дали ‘милениумците’ сакаат радио има потреба од освежување и неколку цврсти и јасни факти.

mileniumci radio 1

Според истражувањата секоја недела, 93% од милениумците поминуваат преку два и пол часа во слушање радио дневно.

Но, што е со сите сервиси за стримување музика (како Pandora) и другите нови технолошки напредоци? Дали тие го имаат заменето слушањето на радио за луѓето на возраст од 18 до 34 години? Не. Всушност, истражувања од 11 различни извори покажуваат дека ‘стримувачите’ се поголеми слушачи на радио отколку просечната особа. На пример, во ноември 2012, Vision Critical заклучиле дека “слушачите на Pandora поминуваат 50% повеќе време во слушање на AM/FM радио отколку оние кои не се корисници на Pandora.”

Зошто 93% од 18-34-годишниците поминуваат 2,5 часа дневно во слушање на AM/FM радио станици преку радија, мобилни уреди, компјутери, во автомобил и на други начини?

Скорешните истражувања ни кажуваат дека половина од нив велат дека радиото “им дава енергија” или “им го подобрува расположението.” Со други зборови, ги прави среќни. Милениумците се чувствуваат тажни и осамено, или ја сакаат удобноста на познат глас, или едноставно сакаат да им биде забавно… како и останатите луѓе. Можеби и повеќе. Поголемиот број од нив велат дека повеќе би биле разочарани доколку ја снема нивната омилена радио станица отколку да го снема Фејсбук (63% наспроти 45%).

Еве неколку начини како да го искористите овој феноменален медиум за да допрете до милениумците.

  1. Размислувајте на поврзување

Користете ги радио станиците да ве донесат до слушателите. Станиците имаат големи фан клубови, opt-in датабази, Фејсбук пријатели, и Твитер следбеници – и огромен број на слушатели кои сакаат да се забавуваат.

Затоа радио станиците прават многу настани, големи и мали, без разлика дали организираат концерт во живо на Maroon Five внатре во студиото за неколку одбрани слушатели или презентираат некој голем концерт на омилените изведувачи на нивните слушатели. Вклучете се така што ќе учествувате во организацијата и промоцијата на ваквите настани.

Еден скорешен пример: една голема стоковна куќа го искористи радиото за  натпревар во кој слушателите ги номинираа и гласаа нивните омилени “неоткриени” изведувачи – ѕвездите во издигнување. Компанијата зеде учество во се’: емитување, испраќање пораки, Фејсбук, Твитер, како што резултатите беа соопштувани во различните етапи од промоцијата. Изведувачот кој победи потоа имаше ексклузивни настапи во стоковните куќи, каде што фановите и луѓето кои учествуваат во промоцијата можеа да ги гледаат.

Искористете ги станиците за да се вклучите. Остварените конекции се неверојатни.

  1. Искористете го факторот на пријателство

Најголемиот број од слушателите, особено милениумците – ги чувствуваат радио презентерите како пријатели. Со нив се поврзуваат на Фејсбук, Твитер, и најважно од се’, ги слушаат секој недела, понекогаш и секој ден. Слушателите имаат доверба во овие луѓе. Тие ги познаваат. Или пак најмалку, чувствуваат дека ги познаваат – тоа е феномен утврден со едно истражување на California’s Annenberg School of Communications од Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Неколку истражувања имаат покажано дека вклучувањето на редиото во медиа миксот придонесува кон зголемување на афинитетот кон некој огласувач. Профитирајте од популарноста на радио презентерите кои можат да придонесат кон кредибилитетот и допадливоста на вашиот прозивод или услуга. На пример, за премиерата на телевизиското шоу “Opening Act,” The CW ги искористи радио презентерите на преку 100 радио станици за да го најават шоуто пред да преминат на следната песна. Шоуто имаше одлична премиера.

  1. Пренесете го и надвор од едноставното емитувње

Организирајте настан или случување кое ќе го профилира вашиот производ или услуга, и промовирајте го преку радио станиците. The CW (кои добро знаат како да го користат радиото за да допрат до својата главна таргет група на публика – милениумците) ја промовираа премиерата на “Heart of Dixie” (Dixie е назив за Американец од јужните краишта) така што радио презентерите покануваа слушатели за да погледнат приватен sneak-peak на шоуто. Слушателите се регистрираа преку радио или онлајн за можност да гледаат “Southern Fried Screening” во локали со “јужначки стил”, како речни бродови и јужначки ресторани.

  1. Создадете натпреварувачка програма со можност за награди

Размислувајте надвор од спотовите. На пример, една продавница за накит може да се здружи со некоја радио станица за Св. Валентајн промоција, така што ќе се бара од слушателите да даваат предлози за песни посветени на нивниот партнер преку СМС пораки, Фејсбук, Твитер или веб-страната на радиото. Слушателите ќе може да ја гледаат листата на предлози и да гласаат, охрабрувајќи ги и нивните пријатели да гласаат за нивната песна. Станицата потоа ќе ги емитува 10-те песни со најмногу гласови на Св. Валентајн заедно со вечера за паровите кои ги предложиле тие песни. Сето тоа на слушателите би им било овозможено од продавницата за накит.

  1. Правете одлични спотови кои имаат одлични слогани

Постојат апликации за се’. Дозволете им на слушателите да гласаат за рекламите кои се емитуваат на радиото и потоа да ги дискутираат на веб-страната на станицата, на Фејсбук фан-страната или на Твитер. Не се плашете да ги охрабрувате слушателите да ви дадат директен фидбек за вашите реклами.

Исто така, презентерите може да ги коментираат добрите спотови. Може да им прават пародии, а луѓето потоа ќе ги повторуваат. Одличен слоган или џингл може да стане дел од жаргонот. Пред скоро време, една радио станица создаде толку ‘заразен’ џингл за еден трговец со автомобили што слушателите ја изгласаа како најдобра песна за таа недела. Трговецот потоа беше вчудоневиден од бизнисот кој следеше по стартот на кампањата.

Уште еден совет: конзистентност. Една работа што треба да ја запамтите е дека радио станиците се како виртуелни маала. Тие им се допаѓаат на одредена група на луѓе кои потоа секоја недела се враќаат на станиците – тие чувствуваат поврзаност со станицата, презентерите, како и огласувачите кои станале дел од тоа “маало.” Создадете си ваше виртуелно место во тоа виртуелно маало. Особено за милениумците, кои ги сакаат нивните радио станици и огласувачите на нив.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365