Home » Во фокусот » P&G крати од дигиталниот буџет поради грижа за својот бренд

P&G крати од дигиталниот буџет поради грижа за својот бренд

Грижата за тоа каде се појавуваат дигиталните реклами на Procter and Gamble (P&G), резултираше со кратење на буџетот за online адвертајзинг во последниот квартал од 100 до 140 милиони долари.

Како што објаснуваат од компанијата во својот најнов финансиски извештај, нивната загриженост за тоа дека нивните реклами не се појавуваат во согласност со нивните стандарди и спецификации, како и лажниот сообраќај предизвикан од клик-ботови е причината поради која се решиле привремено драстично да го намалат своето вложување во дигитал.

Оваа одлука доаѓа очекувано, бидејќи како што пренесовме на Маркетинг365 овој Јануари,  нивниот бренд директор Marc Pritchard имаше повик до агенциите кои ги сервисираат брендовите на P&G да бидат по-транспарентни во презентираните податоци и од сите дигитални платформи да бараат мерење од трета-независна страна.

 

 

 

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365