Procter & Gamble (P&G) започна кампања поз назив „#WeSeeEqual“ која ја промовира рамноправноста на половите во очи на Меѓународниот ден на жената, 8 март.
Суштината на кампањата е видео кое ги руши стереотипите преку снимки на жени и мажи кои им пркосат на традиционалните родови улоги. На пример, снимката на постара жена која изведува банџи скок, со изјава “стравовите не ги интересира кој ги надминува“. Во спотот се расфрлани и снимки од други кампањи на P&G брендовите, како што се култната „#LikeAGirl“ за Always и „Raise“ спотот кој заговара еднакви плати за брендот Secret.
Кампањата ја води агенцијата Badger & Winters, истата агенција која изминатата година ја креираше иницијативата „#WomenNotObjects“во настојувањето да се оконча објективизацијата на жената во огласувањето.
Кампањата на P&G доаѓа во време кога и конкурентот Unilever превзема слични чекори да се позиционира како компанија која става фокус на борбата за рамноправност на половите. Минатата година, Unilever ги најави своите планови да ги отстрани женските стереотипи од кампањите за повеќе од 400 свои брендови. Претходно оваа година, Unilever нарача истражување со повеќе од 9 000 мажи и жени кои потврдиле дека “ застарените стереотипи и општествените норми ги оневозможуваат позитивни промени.“
И многу P&G брендови изминатите години работеле на подобро претставување на жените во огласувањето. Спрема тврдењата на P&G, 76% од потрошувачите сега сметаат дека изразот „како девојка“ е позитивен, додека овај процент бил само 19% пред кампањата „Like A Girl“ за Always. Компанијата исто така го сврте вниманитето на проблемите околку родовите стереотипи во моќниот оглас на агенцијата BBDO Индија за брендот за детергенти за перење алишта Ariel минатата година.