Home » Digital » Pinterest почна да користи видеа како реклами

Pinterest почна да користи видеа како реклами

bareminerals_closeupНекои огласувачи отсега ќе може да креираат кратки промотивни видеа или т.н. Pinterest адсови (платени реклами).

Во вторникот, оваа компанија од Сан Франциско, која ги обезбедува добро познатите виртуелни пин – ап табли (pin up board) за собирање фотографии (во почетокот за торти, домашна храна и декорации), сега стигна до користење на кратки видеа во вид на реклами. Засега, новите реклами ќе бидат достапни само за Велика Британија и САД, според Pinterest.

Секое видео ќе стартува автоматски со  иницијално времетраење од неколку секунди со цел корисниците да кликнат на него и да го изгледаат целото видео доколку им изгледа интересно .

Секоја реклама засебно ќе содржи 6 „пинови“ или фотографии кои огласувачот ќе може да ги прилагоди и стави на одредени делови од видеото. На пример, компанија за козметика може да креира видео реклама која има за цел да прикажи нов кармин преку краток туториал, користејќи фотографии од карминот и други продукти искористени како дополнителни пинови.

Овие пинови ќе може лесно да се зачуваат од страна на корисниците кои имаат свои профили. Во овој дел ќе се прикажува и копче “купи“ кое ќе ја поедностави постапката за купување на производите кои ги гледаме на рекламата.

Претворањето на видеата во реклами кои носат приходи е идеата на Pinterest, кој во моментот комуницира со над 100 милиони корисници.. Компанијата првпат почна да прикажува видео реклами во 2014 година, како и опции за електронска продажба. (е- commerce).

” На макро ниво, постои голема побарувачка за видеа”, кажа Mајк (Мike Bidgoli) , менаџер на Pinterest. Во моментот, компанијата ги тестира новите видео реклами со 12 огласувачи, вклучувајќи ги: General Mills’ Old El Paso, Garnier и Universal Pictures.

Менаџерот Мајк не сакаше да зборува околу приходите од овие видео реклами, зошто сеуште се во почетна фаза, но очекувањата се високи и сметаат дека ќе достигнат успех и голема популарност со нив, особено во категориите за убавина и слава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365