Home » Во фокусот » Пивара Скопје го отстапи својот медиумски простор и продукциски буџет на младите креативци чии приказни инспирираат

Пивара Скопје го отстапи својот медиумски простор и продукциски буџет на младите креативци чии приказни инспирираат

Средствата за продукција на нов рекламен спот, како и медиумскиот простор за промоција на Скопско Smooth, Пивара ги пренасочи кон креативна платформа која ќе и ги претстави на јавноста талентите од новата генерација.

Пивара Скопје со Скопско Smooth започна автентична кампања во форма на креативна платформа, во чиј фокус се инспиративните приказни на млади фотографи, ликовни уметници, активисти, блогери и сите оние кои се желни да “зборуваат гласно“ и да бидат препознаени. Во периодот што следи, телевизиските минути за реклами, популарните веб портали и каналите на социјалните мрежи на Smooth, ќе бидат исполнети со позитива, со поттикнувачки примери и прекрасни млади луѓе од земјава.

Целта на Пивара Скопје е, да ги поддржи младите луѓе, да ги охрабри и промовира на начин кој им е неопходен на почетокот на нивните кариери, овозможувајќи им простор за изразување каде ќе ги промовираат своите идеи и таленти.

Скопско Smooth со оваа креативна платформа застанува зад сите ентузијасти кои креираат, творат и блескаат со оригинални идеи. Oтворен е и микро веб сајт www.reborn.mk/smooth на кој младите луѓе со ваков опис можат да се пријават и да ја раскажат својата инспиративна приказна, а СКОПСКО Smooth ќе ги промовира во јавноста преку своите медиумски канали. И оние посрамежливите и оние непотребно самокритични, кои секако заслужуваат за нив “да се чуе“, може да ги пријават нивните блиски.

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија произведено со најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната традиција на Пивара во усовршување на процесот на производство. Благодарение на напредниот процес на ладно филтрирање, носечки карактер на пијалокот е свежината, што остава впечаток на штотуку наточено пиво, со мазен рафиниран и освежувачки вкус, помала горчина и газираност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365