За време на најстудените зимски денови, кога улиците се празнат, а луѓето брзаат кон затворен простор, пивскиот бренд Heineken лансираше нова дигитална надворешна кампања што внесува топлина во урбаното секојдневие. Под наслов „Best Served Warm“ („Најдобро послужено топло“ т.е. „на топло“), кампањата се активира исклучиво при ниски зимски температури, претворајќи ги дигиталните екрани во близина на пабовите во светлечки покани за минувачите.
Инспирирана од препознатливата слика на замаглени прозорци на пабовите во зимските вечери, визуелниот идентитет верно го репродуцира изгледот на автентичните Heineken пабови. Екранот првично е покриен со „замрзнато“ стакло, кое со падот на температурите постепено се расчистува, откривајќи сцени на смеа, дружење и совршено точено Heineken пиво.
Во Обединетото Кралство, кампањата добива интерактивна димензија. Секој екран е гео-поврзан со најблискиот партнерски паб и прикажува пораки во реално време, како „Се затоплуваш“, заедно со преостанатото растојание до пабот во метри. Поставени еден по друг, екраните создаваат визуелна патека низ градот, која ги води минувачите чекор по чекор до влезот на локалот.
Во Холандија, концептот е поедноставен и сведен на еден силен наслов по локација, што функционира како директна и топла покана за влез. Во Канада, кампањата се насочува кон дигиталните засолништа од јавниот превоз, користејќи пораки активирани од временските услови за да допре до патниците во најстудените моменти од денот.
Кампањата ќе трае до две недели, со времетраење приспособено на локалните временски услови. Активностите се реализираат во градови како Глазгов, Манчестер и Лондон во Обединетото Кралство; Амстердам, Ротердам, Утрехт и Гронинген во Холандија; како и Отава, Калгари и Торонто во Канада.
Преку платформата „Best Served Warm“, Heineken потсетува дека и во најстудената зима, социјалната топлина е секогаш на дофат. Кампањата е создадена во партнерство со креативната агенција LePub.
















