Американскиот бренд за пица Pizza Hut веќе некое време го користи чувството на носталгија како маркетиншка алатка. Откако официјално се ребрендираше во „винтиџ“ визуелен идентитет, Pizza Hut сега се обидува да ги потсети своите фанови на „древните“ видео-игри.
Имено, во минатото било честа појава во рестораните на Pizza Hut да има и посебна соба наменета за аркадни игри, при што фановите можеле напоредно и комотно да си јадат пица и да си играат игри. А, која игра може повеќе да го разбуди апетитот од ненаситниот јадач „Пак-Ман“?
Тоа е идејата позади новата кампања на пица-брендот кој се здружи со јапонската компанија за видео-игри Bandai Namco (во чија сопственост е Pac-Man), со цел да „инсталира“ функционална верзија на играта Пак-Мак во своето пакување. Како го направија тоа?
Па, благодарение на технологијата на 21 век и виртуелната реалност, за Pizza Hut и Bandai Namco беше доволно да го испечатат лавиринтот од Пак-Ман на пакувањето за пица и да додадат QR код кој, кога ќе се скенира со паметен телефон, ја претвора печатената табла во виртуелен интерфејс на изменета реалност, овозможувајќи му на оној кој скенира да ја игра Пак-Ман.
Притоа, мора да се напомене дека оваа верзија на Пак-Мак содржи и сугестивни звуци кои треба потсвесно да го потсетуваат играчот дека е време за уште еден залак од вкусната пица.
View this post on Instagram