Фотографиите од амбалажа на млеко, пластични шишиња за вода и друг отпад кој водата ги исфрлила на плажа или сè уште лебди во океанот, се вознемирувачки потсетник за штетните ефекти кои употребата на пластика ги има врз нашиот свет.
За жал, овие слики станаа вообичаени, толку многу што можеби и се навикнавме на нив. Проблемот е сè уште нерешен, дури ни приближно. Програмата за животна средина на Обединетите нации проценува дека приближно 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните секоја година. Светскиот економски форум предвидува дека до 2050 година ќе има повеќе пластика отколку риби во океаните.
За да ја потенцираат важноста на овој проблем, агенцијата Goodby Silverstein&Partners направија краток филм наречен „Живот под вода“, во кој пластичните загадувачи се претставени на поинаков начин. Во режија на Брајан Шулц, видеото раскажано од Морган Фримен, потсетува на документарен филм за природата – оној во кој четките за заби, пластичните кеси и пластичните капачиња од шишињата изгледаат како нови облици на живот што вреди да се проучат.
Кампањата беше креирана за 17-те цели на одржливост и развој на Обединетите нации, иницијатива формирана пред пет години која опфаќа прашања како што се глад, сиромаштија и родова нееднаквост. 14-тата цел е „чување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси“.
Видеото посочува дека пластиката стана сеприсутна во океанот, толку многу што се чини како да е нејзино природно живеалиште.