Sony Interactive Entertainment ја објави последната реклама пред лансирањето на новата играчка конзола PlayStation 5, закажано за 12 ноември.
Рекламата е дел од годишната кампања „Play Has No Limits“ („Играта нема граници“), а се состои од колаж од архивски снимки и новоснимени материјали во кои вистински глумци рекреираат сцени од видео-игри. Соодветно на ситуацијата, рекламата започнува со снимка од лансирањето н вселенска ракета.
Целта на рекламата е да ги инспирира играчите во нивната потрага по нови играчки искуства и да ги надминат границите на очекуваното и претходно замисленото. „Сите ние сме истражувачи и постојат нови светови за истражување“, се истакнува на крајот од спотот.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциската куќа Somesuch.