Home » Extra 5 » Подгответе се за шопинг подобар од Black Friday – стигнува Prime Day!

Подгответе се за шопинг подобар од Black Friday – стигнува Prime Day!

Сигурно знаете дека онлајн продажбата претставува опасна закана за трговските центри, а главната причина се гигантите за е-трговија, како Амазон. Подгответе се за нов удар на класичениот шопинг со попусти кои ги нуди Prime Day. Шопингот кој е подобар од Black Friday започнува на 16-ти јули.

Prime Day, празникот за купувањето онлајн настана како прослава на 20-годишната работа на Амазон во 2015 година. Тогаш компанијата понуди големи попусти на производите и услугите на Амазон, но и десетици илјади други производи. Настанот е наречен Prime Day, а бидејќи беше (не) очекувано успешен, беше одлучено да се одржува секоја година во исто време. Иако официјално трае од 16-18. јули, многу попусти се веќе актуелни, по примерот на Black Friday. Кога сме кај Black Friday, треба да се напомене дека за време на Prime Day се продава повеќе отколку за време на Black Friday и Cyber Monday заедно! Сепак, ништо не може да се спореди со Singles Day во Кина, каде што за еден ден се продаваат производи колку за една недела во Америка.

Како да се дојде до попустот на Prime Day

За да ги искористите попустите кои ги нуди Амазон, треба да сте претплатник на Prime услугата. Ова значи дека нема да можете да купите нешто по повластена цена со едноставно посета на страницата. Amazon Prime чини 119 долари годишно (или 12,99 долари месечно), со 30-дневен пробен период. Е тука е вашата шанса – се регистрирате на Prime и доколку ја откажете претплатата на време, нема да платите ништо, а ќе имате пристап до сите попусти за времетраењето на попустот. Друга опција е да контактирате со пријател кој веќе е претплатен.

Втората пречка е тоа што онлајн купувањето на Amazon Prime Day 2018  нема да биде достапно во Македонија. Сепак, ќе биде достапно во САД, Австралија, Австрија, Холандија, Канада, Германија, Италија, Велика Британија, Шпанија и други земји, што значи дека можете да најдете роднини или пријатели во дијаспората и да ги замолите да нарачаат нешто за вас. Постои уште една опција со VPN конекција, но тоа е повеќе ризична опција што не сме ја тестирале.

Да се надеваме дека наскоро Амазон ќе не постави на листата на земји од каде што е можно да се користи Prime претплатата со полн капацитет, а тука мислиме и на целосен пристап до аудио и видео стриминг услугите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365