Home » Во фокусот » Погледнете ја “најзафрлената pop-up продавница на светот“

Погледнете ја “најзафрлената pop-up продавница на светот“

70 храбри планинари ја “посетија” оваа необична продавница на компанијата 37,5 Technology

Планинарите во кањонот Елдорадо, се соочуваат со силни ветрови, врнежи од дожд и температури кои можат да се зголемат и паднат дури за 40 степени разлика во август. Колку и да се подготвени за такво искачување, веројатно секогаш ќе им биде добредојден дополнителен слој на облека на патот кон врвот на оваа живописна планина во Колорадо.

Тука на сцената стапува најзафрлената pop-up продавница на светот. Наречена е Cliffside Shop, и отворена е од изгрејсонце до зајдисонце, давајќи им на планинарите бесплатни дуксери, чорапи, капи и друга опрема на сите оние на кои им е потребна. Производите се можеби бесплатни, но морате да се искачете 100 метри по стрмна карпа за да дојдете до оваа необична продавница.

Оваа дводневна активација е дел од кампањата на компанијата 37.5 Technology, а ја осмисли агенцијата Work in Progress. Јакни, дуксери и друга планинарска опрема е поделена на 70 храбри планинари кои стигнаа до продавницата. Покрај тоа што овај потег би требало да привлече повеќе внимание на овај релативно мал огласувач, од агенцијата која работеле за нив велат дека сакаат да го одведат концептот на pop-up трговијата на „нови висини“.

Вакви активации има на сите страни. Па како тогаш да се направи нешто толку екстремно, необично и соодветно за еден бренд, за тоа навистина да биде забележано?“ вели Matt Talbot, креативен директор на WIP. „Моравме да направиме чекор понатаму, а клиентот тоа мораше да го поддржи.“

Погледнете го видеото подолу!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365