Home » Во фокусот » Погледнете ја заборавената, бизарна реклама на убавата Меланија Трамп

Погледнете ја заборавената, бизарна реклама на убавата Меланија Трамп

Од маркетинг аспект, оваа бизарна реклама беше полн погодок бидејќи привлече големо вниманието од јавноста

Фото: АП

Првата дама САД Меланија Трамп работеше како модел пред нејзиниот брак со актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Сепак, многумина велат дека некои од нејзините претходни активности се повеќе од необични. За тоа особено може да посведочи рекламата за осигурителната компанија “Афлак”.

Оваа реклама се нарекува “Експеримент” и снимена е во 2005 година. Бидејќи заштитен знак на оваа компанија е патка, убавата Меланија и една патка ги менуваат нивните тела.

Од маркетинг аспект, бизарната реклама беше полн погодок, бидејќи го привлече вниманието на јавноста, а реакциите што ги предизвика и кои денес ги предизвикува се чудење и смеа.

По повод оваа реклама во една прилика Трамп изјави дека директорот на осигурителната компанија ја ангажирал неговата сопруга за големата кампања на “Афлак“ и смета дека тоа била успешна кампања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365