Home » Digital » Погледнете колку “лоши” огласи блокираше Google во 2016 година

Погледнете колку “лоши” огласи блокираше Google во 2016 година

Најголемиот тренд кој се појави во 2016 година е растот на т.н. “tabloid cloackers”, нови видови на огласи кои се маскирани како таблоидни вести. Google тврди дека во 2016 година блокирал 1,7 милијарди „лоши огласи“, што е повеќе од двојно во однос на претходната година.

Обично за „лоши“ огласи се сметаат оние кои доведуваат во заблуда, кои се неприкладни, промовираат лажни производи или ги наведуваат корисниците да инсталираат штетен софтвер, велат од Google. Компанијата исто така стави на црна листа и некои огласи кои во 2015 година се сметале за прифатливи.

Меѓу нив се т.н. „payday кредити“кои носат годишна каматна стапка повисока од 36%, а нивното огласување е блокирано во Гугл пребарувањето минатата година. Компанијата доби пофалба заради овај потег, затоа што истиот потенцијално ги чинел милиони долари во приходите. Сепак, дигиталните лихвари брзо се прилагодија на новото правило, па сега многу фирми нудат вакви заеми со годишна каматна стапка до 35.99%.

Тоа значи дека кредитот од 5,000 $ со каматна стапка од 35.99% би го чинел должникот 13.745 $ за период од седум години, што е вообичаен рок кој го нудат овие лихвари, кои Гугл сака да ги стави на црна листа.

Сепак, Гугл тврди дека во 2016 година го блокирал прикажувањето на 5 милиони огласи за вакви кредити. Scott Spencer, директор за управување на производи во Гугл, изјави дека треба време компанијата да се прилагоди на новите шеми.

Во меѓувреме, компанијата трвди дека најголемиот тренд кој се појави во 2016 година бил растот на „tabloid cloakers“ огласите, нов вид на огласување кој се обидува да ги прелаже системите на Гугл, преправајќи се дека се таблоидни вести. Еден од примерите кои ги наведе компанијата беше огласот кој ја прикажува статија за Елен Дегенерис и вонземјани. Меѓутоа, потрошувачите кои би кликнале на огласот како што е овај, се пренасочуваат на страница за продажба на производи за слабеење.

Google исто така тврди дека се суспендирани 1300 сметки заради ‘таблоидско криење’ минатата година. Само во еден случај, компанијата изгасила 22 сметки кои биле одговорни за прикажување на 20 милиони вакви огласи во текот на една седмица.

Компанијата додаде дека исто така отстранила 112 милиони огласи кои имале за цел да ги излажат корисниците да превземат апликации или малвер, што е за шест пати повеќе отколку во 2015 година. Компанијата отстранила и 68 милиони огласи за прекршувања во полето на здравството во 2016 година, во однос на 12,5 милиони во 2015 година. Отстранети се и 17 милиони огласи кои промовирале илегални игри на среќа, тврди Гугл.

Околу 900.000 огласи се отстранети затоа што содржеле малвер. Дополнителни 6.000 сметки се суспендирани заради обид за огласување на лажни брендови, наведуваат од Гугл. Во период од ноември-декември минатата година, Гугл истражил 550 сајтови кои се осомничени за лажна содржина или се преправале дека се познати организации како што е CNN. Од тие случаеви, Гугл превзеде чекор против 340 од нив заради кршење на неговите правила. Дополнителни 200 издавачи се трајно забранети, се наведува во извештајот од Гугл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365