Pepsi ја претстави својата нова реклама по повод Super Bowl, во која иконичната поларна мечка на Coca-Cola прави неочекуван избор. Во рекламата со наслов „The Choice“, мечката учествува во „слеп“ тест на вкус меѓу Pepsi Zero и Coke Zero – и го избира Pepsi.
Рекламата, режирана од познатиот новозеландски режисер Тајка Вајтити, на хумористичен начин покажува што се случува кога лојалноста кон брендот се заменува со чист вкус. По откритието, компјутерски генерираната мечка паѓа во мала егзистенцијална криза, придружена со песната „I Want to Break Free“ од Queen. Во една од сцените, таа оди на терапија кај психоаналитичар, кого го игра самиот Вајтити. Подоцна, мечката среќава друга поларна мечка со исто искуство, а двете завршуваат на концерт, уживајќи во Pepsi Zero (алудирајќи на откриената љубовна афера на концерт на Coldplay минатата година).
Кампањата се темели на „Pepsi Challenge“, познатите слепи тестирања на вкус од 1975 година, обновени минатата година. Според Густаво Рејна, потпретседател за маркетинг на Pepsi, 66% од Американците во последните тестови го избрале Pepsi Zero Sugar. Токму овие резултати биле главна инспирација за Super Bowl рекламата.
Иако ретко кој бренд би го прикажал својот најголем конкурент во толку вреден рекламен термин, Pepsi свесно го направи тоа за да ја покаже својата самодоверба во вкусот на Pepsi Zero. Според компанијата, интересот за пијалаци без шеќер расте, а Pepsi Zero Sugar бележи силен напредок и повеќе од еден милион нови домаќинства во 2025 година.
Рекламата ќе се емитува за време на Super Bowl на 8 февруари, по претходна тизер-кампања на социјалните мрежи. Со овој спот, Pepsi ја испраќа пораката дека сè повеќе потрошувачи сакаат одличен вкус без компромис – и дека Pepsi Zero Sugar токму тоа го нуди.
Рекламата е создаден од креативната агенција BBDO во соработка со продукциското Content Studio на PepsiCo.
















