Изборите во индиската држава Утар Прадеш кренаа голема прашина последните денови.
Причината е што некои политички кандидати користат кучиња скитници како подвижни реклами, поточно, тие лепат и закачуваат рекламни постери на нив и ги оставаат да шетаат по улиците. Досега се видени реклами за најмалку двајца кандидати, по еден од покраините Рае Барели и Бали, пишува Oddity Central.
Фотографиите кои кружат на интернет ги налутија активистите за правата на животните, а еден од двајцата кандидати не се сомнева во неговата одлука. “Не постои забрана за употреба на кучиња скитници во кампањи. Ние не ги повредуваме или злоупотребуваме на кој било начин. Всушност, ги храниме секој ден. Тоа е благородна идеја и на гласачите им се допаѓаат ваквите иновации”, изјави кандидатот .
“Како би се чувствувал некој човек ако му ставиме налепници на лицето за време на изборната кампања? Само затоа што животните не можат да протестираат, не значи дека треба да се однесуваме така спрема нив. Полицијата треба веднаш да реагира на ваквите работи”, одговори активистката Рина Мишра.