Home » Во фокусот » Pop-up туристичка агенција им овозможува на посетителите да помирисаат 64 различни дестинации во Европа

Pop-up туристичка агенција им овозможува на посетителите да помирисаат 64 различни дестинации во Европа

Француската железничка компанија Thalys и нивната агенција Rosapark уште еднаш започнаа вистинска сензорна кампања за промоција на на патувањето со воз. Откако пред две години заедно лансираа кампања заснована на звук, „Sounds of the City“, компанијата сега започна нова кампања „Scents of the City“ (Мирисите на градот), користејќи го сетилото за мирис, како на посетителите би им се овозможило да ја „помирисаат“ дестинацијата каде што може да ги одведе Thalys.

Од 12-14 мај, француската агенција Rosapark направи pop-up туристичка агенција во една галерија во Брисел.  Користејќи мирисни куглици обесени за плафонот, агенцијата ги повика посетителите да ги помирисаат аромите собрани од Париз, Амстердам, Келн и Брисел.

После кампањата ‘Sounds of the City‘ за Thalys пред две години, сакавме да продолжиме со сензорна платформа. Ова е единствена, уникатна платформа која ни овозможува да ги претставиме дестинациите на Thalys мрежата на уникатен начин“ изјави Jean-François Sacco, соосновач и ECD на агенцијата Rosapark.

Повеќе од 700 цевчиња  кои содржат 16 единствени мириси за секој град беа направени со помош на компанијата Drom Fragrances и стручњакот за парфеми  Elisabeth Carre. Шарените цевчиња распоредени во форма на виножито, биле означени со бројчиња кои одговараат на одредено место на картата. При рака била и хостеса со таблет со цел да им помогне на посетителите на лице место да резервираат одредена дестинација и да им даде подобар увид и идеално време за патување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365