Home » Во фокусот » Популарната гласовна асистентка Сири доаѓа на фестивалот Денови на комуникации

Популарната гласовна асистентка Сири доаѓа на фестивалот Денови на комуникации

Оваа година, Сири ќе ја слушаме во живо на фестивалот Денови на комуникации во Ровињ

Името на Сузан Бенет не е глобално познато, но затоа нејзиниот глас, или како што таа ќе каже нејзиното алтер его Сири, е многу познат. Гласот на Сузан Бенет познат како Сири кој на светот му се обраќа преку апликацијата на iPhone, оваа година ќе ја слушаме на Денови на комуникациите со поддршка на Хрватската туристичкa заедница.

“Исклучително му е драго што имаме можност во Хрватска да донесеме предавач од светска класа. Освен тоа што нејзиното предавање дополнително ќе го збогати овај фестивал кој докажано влијае на начинот на кој ги перцепираме производите и услугите во сите сектори, вклучувајќи го и туризмот, сигурен сум дека нејзиниот престој во Хрватска ќе биде одлична можност за понатамошно промовирање на нашата земја како атрактивна туристичка дестинација “, изјави Кристијан Станичиќ, директор на Хрватската туристичка заедница.

Сири е интелигентен личен асистент, една од првите апликации кои работат на принципот на вештачка интелигенција која станува се повеќе се присутна во општеството, вклучително и во маркетинг индустријата.

Директорката на фестивалот Денови на комуникации и на фестивалската програма, Дуња Ивана Балон вели: “Оваа година носиме големи имиња со големи идеи. Сири, односно Сузан Бенет, ќе сподели со нас како стана една од најпопуларните гласови во светот. Нејзиниот понекогаш силен и провокативен глас е познат на сите, а милиони луѓе секојдневно ја прашуваат за совет. Таа е уште една во низата предавачи што ги носиме на Денови на комуникации со цел да ги инспирираат посетителите на фестивалот. Судејќи според досегашните пријави, повторно ќе ги собориме рекордите, бидејќи уште сега имаме повеќе регистрации отколку во минатата година. “

На предавањето „Accidentally Famous“ во Ровињ, Сузан ќе зборува за тоа како сосема случајно стана мега популарната Сири. Таа ќе открие неколку непознати детали за Сири” и “VoiceOver” работењето и ќе покаже од лично искуство колку тоа влијаело на нејзиниот живот и иднина.

Покрај Сири, Сузан имавме можност да ја слушнеме и во неколку успешни филмови, како што е Mission Impossible 4 или анимираниот филм The Lego Batman Movie, а истовремено работеше и како Voice Artist во бројни кампањи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365