Home » Медиуми » Популарниот сајт „zazabava.com” со ново роденденско освежување!

Популарниот сајт „zazabava.com” со ново роденденско освежување!

Оваа година порталот за забавна содржина ZaZabava.com полни 15 години, што значи дека е една од првите веб страни кои и понудија забавна содржина на македонската публика. Многумина ќе се сетат на самите почетоци, кога овој симпатичен сајт стана популарен по фотките кои ги објавуваше од скопскиот ноќен живот, па другарките се собираа пред компјутерите за да проверат како испаднале на фотографиите од диско, а момчињата редовно ги проверуваа местата за да видат каде излегуваат нивните симпатии.

Тука секако беа и забавните содржини и текстови, како и многуте интервјуа, видеа и откачени фотки кои нѐ смееја сите.

Како што одминуваа годините, така и сајтот се менуваше и прилагодуваше низ годините, па сега после неколку поминати години, повторно дојде моментот за освежување и редизајн, по повод 15 години од постоењето на Zazabava.com.

 Иако во изминатите години доживеа неколку тешки моменти и борби, сега со нов тим и освежен дизајн популарната Zazabava.com е повторно подготвена да ја забавува македонската публика и да го „размрда“ интернет просторот.

Дел од новите содржини се фитнес советите, тука се старите добри сочни трачеви, а секако – новиот сајт ќе им понуди на своите читатели и многу нови изненадувања и освежувања кои наскоро ќе пристигнат пред публиката.  Новата страна стартува и со нови кампањи преку своите профили на социјалните мрежи, па бидете сигурни дека ќе сакате да ги следите на Фејсбук, Инстаграм и Твитер во наредниот период!

Старо-новата Zazabava.com е тука да го освежи нашето лето, а се надеваме дека повторно ќе се врати во полн сјај каква што ја знаеме и сакаме овие 15 години. Среќен роденден Zazabava.com!

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365