Home » Во фокусот » После Ван Дам, Волво има нова епска реклама со Долф Лундгрен и музика од 90-тите

После Ван Дам, Волво има нова епска реклама со Долф Лундгрен и музика од 90-тите

После рекламата која Волво ја сними со Жан Клод Ван Дам и која стана вирална, се чини дека шведската компанија одлучи да се обиде да ја надмине.

За да успее во тоа и за да докаже дека нивната опрема е подготвена за секој предизвик, Волво во соработка со креативна агенција Forsman&Bodenfors го ангажираше актерот Долф Лундгрен.

Багерите на Volvo секојдневно вршат напорна работа на градилиштата низ целиот свет. Од најмалите компактни багери, нешто повеќе од еден тон, до најголемите багери со тежина поголема од 90 тони. Тешка работа која бара моќ и издржливост заедно со квалификувани ракувачи на машини.

Може да се каже дека крајниот резултат на рекламата е одличен, а дали успеа да го надмине Ван Дам, проценете сами кога ќе ја погледнете рекламата:

Да се потсетиме и на популарната реклама со Жан Клод Ван Дам:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365