Home » Настани » Последна шанса за влез во конкуренцијата за Голден Драм: 12 септември!

Последна шанса за влез во конкуренцијата за Голден Драм: 12 септември!

golden drum 2015

22-то издание на Голден Драм фестивалот, еден од највисоко-рангираните фестивали за креативен адвертајзинг во светот штотуку го најави својот последен финален рок за пријавување: 12 септември.

Голден Драм е отворен за сите агенции од 37 земји од Европа (Централна, Источна и Јужна Европа и дел од блискиот Исток) кои можат да ги пријават своите дела во 17 различни групи во 99 различни категории.

Golden Drum е организиран од Словенечката адвертајзинг комора, и нуди искуство и можности за унапредување на кариерата за секој кој работи во креативната адвертајзинг индустрија, овозможувајќи лесен пристап до врвни експерти во индустријата, единствени можности за дружење, микс на култури, најдобро место за дружење.

Оваа година, тема на 22-от интернационален фестивал Голден Драм кој ќе се одржи од 13-16 октомври во Гранд Хотел Бернардин во Порторож е “Трансформацијата, слободата и креативната култура”

Секоја година повеќе од 800 експерти од области како маркетинг, адвертајзинг, дизајн, талентирани креативци, како и студенти го посетуваат Golden Drum  Порторож. Четири дневната програма нуди голем број на интересни говорници, преглед на креативната индустрија во 37 земји од нова Европа. Организаторите за оваа година ветуваат дека учесниците ќе имаат можност да бидат дел од програма со глобално потврдени предавачи.

Повеќе информации за фестивалот и пријавувањето можете да прочитате на: www.goldendrum.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365