Home » Во фокусот » Постојат цвеќиња кои ниту една жена не би требало да ги добие – емотивна кампања насочена кон построги закони против семејното насилство

Постојат цвеќиња кои ниту една жена не би требало да ги добие – емотивна кампања насочена кон построги закони против семејното насилство

Израелската агенција Gitam BBDO создаде трогателна кампања во која се залага за построги закони против семејното насилство

WIZO, најголемата асоцијација на жени во Израел, организацијата Families of Murder Victims и агенцијата Gitam BBDO, за празникот Tu B’Av или хебрејскиот Валентајн, сакаа да направат нешто за да им помогнат на жртвите на семејно насилство и одлучија да го направат тоа со силна кампања, насочена кон политичарите. Имено, како што е соодветно за овај празник, тие им испратија цвеќе на политичарите, но не вообичаените рози или шарени букети.

Министрите и парламентарците добија исушени гробни венци од гробовите на жртвите на убиствата.

Во налет на бес, љубомора или привремено лудило, мажите во Израел во 2016 година, убиле десетици жени. Поради благата казна за сторителите на тие дела, ситуацијата во наредната година уште повеќе се влоши, а бројот на жртвите, убиени од страна на нивните брачни другари продолжи да се зголемува.

Требало да се направи нешто за да се влијае врз оние кои ги донесуваат одлуките во Израел да го променат моментално благиот закон и да спречат идни смртни случаи поради семејно насилство.

Кампањата беше снимена и произведена во соработка со децата на убиените жени. Иако ова е многу емотивна и приватна тема, тие беа посветени на целта и веруваа во нивната намера.

Кампањата резултираше со илјадници споделување и стотици илјадници коментари на социјалните медиуми, со што се отвори жестока и активна дебата за ова прашање. Кампањата предизвика дебати во сите политички партии, па во моментов на масата на законодавниот дом постојат три нови закони кои ќе ги заострат казните во оваа област.

Впрочем, постојат цвеќиња кои ниту една жена не би требало да ги добие.

Кампањата, како што споменавме, започна на празникот Tu B’Av, но повторно е актуелна повод 14 февруари, Денот на вљубените, за да се подигне свеста за проблемот на семејно насилство во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365