Home » Во фокусот » Потпишан договор за регионална соработка помеѓу здруженијата за пазарно комуницирање

Потпишан договор за регионална соработка помеѓу здруженијата за пазарно комуницирање

Професионалните здруженија за пазарно комуницирање од регионот потпишано писмо за намера чија цел е заедничко делување за подигнување на нивото на професионалните стандарди и квалитетот на пазарните услови во кои работат нивните членки, втемелено врз добрата пракса и во согласност со највисоките меѓународни стандарди.

Здруженија, агенции, огласувачи и други професионални кои делуваат на пазарите во регионот се среќаваат со слични предизвици, како на национални, така и на меѓународни проекти. Токму поради тоа е клучна регионалната соработка која ќе придонесе кон побрз и поструктуриран развој на пазарот.

Потписници на писмото за намера се професионалните здруженија за пазарно комуницирање од Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, односно: HURA, IAA Srbija, MAAM, SOZ и UEPS.

Преку писмото за намера, здруженијата од регионот го истакнаа следното:

  1. Стандарди на работење – развој и афирмација на високи стандарди за работење во сите земји од регионот, особено поради фактот што се’ повеќе клиенти имаат регионална присутност и/или проекти.
  2. Натпреварувачка практика – посветеност за еднакви стандарди на пазарно натпреварување, втемелени врз најдобрите меѓународни практики.
  3. Етички стандарди – развој, промоција и примена на етичките стандарди во индустријата на регионално ниво, почитувајќи ги можните културолошки или социолошки разлики (имајќи на ум дека комуникацијата од локалните проекти се пренесува на меѓународните) и чесност во работењето.
  4. Регулација и саморегулација – работа во насока на подобрување и усогласување на саморегуларотните рамки во работењето со што се создава заедничка платформа за делување и размена на упатства во поглед на правни, регулаторни и саморегулаторни прашања и заштита на интелектуалната сопственост.
  5. Соработка – обезбедување на дополнителна вредност за членовите на професионалните здруженија, промоција на постоечките манифстации во организација на здруженијата и размена на јавни документи и упатства за добра пракса.
  6. Промоција – афирмација на темелните вредности на комуникациските индустрии и заедничките активности на националните здруженија во нивните средини, работа на угледот на индустријата.

Писмото за намера кое ги дефинира општите цели за регионална соработка, прво од својот вид на овие простори, беше претставено на отворањето на 11-то издание на Weekend Media Festival, кој се одржува во Ровињ од 20 до 23 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365