Home » Во фокусот » Повеќе филтери наместо ad blocker-и!

Повеќе филтери наместо ad blocker-и!

80% од корисниците на интернет се свесни дека рекламите се пресудни за преживување на издавачите

Компанијата Eyeo, сопственик на една од најпопуларните програми за блокирање на реклами Adblock Plus, спроведе истражување кое покажа дека корисниците на интернет претпочитаат да имаат можност да ги филтрираат рекламите кои им се прикажуваат, наместо целосно да ги блокираат.

Истражувањето покажа дека корисниците ја разбираат важноста на рекламите за издавачите, па така 80% од Британците ја препознаваат важноста што рекламната индустрија ја има за одржување на бесплатен интернет, но го критикуваат иритантното и прекумерно рекламирање.

Компанијата Eyeo верува дека овие наоди ги разбиваат предрасудите дека оние што се користат рекламни блокатори не се грижат за тоа како издавачите финансиски се одржуваат.

На прашањето зошто го инсталираат софтверот за блокирање на реклами, 71% од испитаниците ја навеле желбата да избегнат рекламирање, додека 49% од нив ги навеле проблемите со безбедноста и приватноста.

Охрабрувачки наод на ова истражување за огласувачите е дека корисниците на интернет би биле подготвени да прифатат помалку инвазивни форми на рекламирање во замена за поголема контрола, како на квантитетот, така и на квалитетот на рекламите што им се прикажуваат.

Ова значи дека издавачите кои спроведуваат одговорно рекламирање можеби имаат можност да дојдат до претходно исклучена публика. Истражувањето опфати 2.000 интернет корисници во Велика Британија, од кои 878 користат софтвер за блокирање на реклами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365