Home » Во фокусот » Познатата ретро реклама од 1991 година на водата Периер добива современ римејк

Познатата ретро реклама од 1991 година на водата Периер добива современ римејк

Новата верзија носи “подмладена” поставa 

Поминаа речиси три децении откако рекламата “Lion” на водата Периер освои Гран-при во категоријата филм на Канскиот фестивал во 1991 година, а компанијата сега ни носи римејк на оваа реклама, со прилично помлади ѕвезди.

Оригиналната реклама, која беше креирана од страна на агенцијата Ogilvy Париз, а во режија на Жан-Пол Гоуд, донесе приказната за една жена и еден лав кои се соочуваат над шише вода Периер, во желба да ја угасат својата жед.

Сега, дваесет и осум години подоцна, Ogilvy Париз се уште работи за Периер и ни донесува еден вид продолжение на оригиналната реклама. Оваа реклама ја промовира Perrier Fines Bulles линијата, која користи поинаков процес на карбонација, кој резултира со помали меурчиња.

Бидејќи меурчиња се помали и сè друго треба да биде помало, вклучувајќи ја и жената и лавот. Како што велат од агенцијата, дури и музиката сега е “помала” од оригиналната.

Новата реклама, како и оригиналната, е снимена во Јужна Африка, а овој пат е во режија на Џони Грин. “Со ова ново видео, сакаме да му оддадеме почит на наследството на Периер“, вели Грин. “Ги чувствуваме потезите што нè потсетуваат на слична приказна, но сепак остануваме изненадени и зачудени и водени од неизвесност, сè до конечната награда која доаѓа во форма на римејк на култното соочување за шишето Периер … односно Fines Bulles“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365