Home » Во фокусот » Познати членовите на жирито на 8-от МКСП Скопје постер конкурс

Познати членовите на жирито на 8-от МКСП Скопје постер конкурс

Skopje poster ziri foto

Оваа година жирито ќе го сочинуваат членови специјализирани по типографија, дизајн на постер, илустрација, кои на почетокот на декември ќе бидат во Скопје и ќе одржат свои работилници, а нивните дела ќе бидат дел од посебната поставка во рамки на 8. Скопје постер фестивал.

Ви ја претставуваме големата 5-ка на Скопјепостер 2015!

Гец Грамлих

Најдобро познат по промоцијата на социјалните аспекти на постерот преку проектот „Mut Zur Wut?”. Неговите постери се со препознатлив стил на дизајн, веројатно покрај другите причини и заради влијанието од Никлаус Трокслер додека работел во неговото студио во Швајцарија. Гец бил ментор на голем број дизајн и постер работилници низ целиот свет и е добитник на многу меѓународни дизајн награди како златна и платинеста Graphis награда, награда од Кинеското постер биенале во 2012, Red Dot дизајн наградата…

Петар Банков

Неодамна наградениот автор на 19. Меѓународна постер изложба во Колорадо – Петар е еден од најинспиративните руски плакатисти. Банков е со-основач на дизајн студиото “Design Depot” и од 1997 година е издавач на дизајн магазинот „КАК“. Во последните години тој создава постери. Преферира да дизајнира плакати поради тоа што перфектно се вклопува во нашите општества кои масовно користат социјални медиуми: „Според мене ова е најинтересниот жанр на модерната графичка уметност. Постерот стана локална визуелна субкултура и конечно исчезна неговото поврзување само со комерцијални цели, што беше случај изминатиот век“.

Паула Трокслер

Паула студирала визуални комуникации на Универзитетот за применети уметности и дизајн во Луцерн. Во 2006 година го формира своето студио со седиште во Луцерн, а отвора и претставништво во Берлин. Нејзината кариерата ја продолжува во Цирих, каде се сели во 2008 година и до денешен ден живее и работи. Нејзиното портфолио е импресивно и вклучува учество во проекти за театар, културни настани, издаваштво, адвертајзинг и многу изложби. Таа има одржано работилници и предавања во Швајцарија и ширум светот. Трокслер е специјализирана во областа на илустрацијата и нејзините дела се издадени во голем број меѓународни публикации.

Петер Поч

Петер Поч е магистер по графички науки роден во Пекс, Унгарија. Од 1972 година работи како графички дизајнер и се занимава со постерот како медиум за културни цели. Од 80те – по политичките промени-дизајнира постери со политички предзнак. Хенрик Томашевски, Валдемар Швежи и Гиорг Конечни се неговите спиритуални мајстори. Неговите дела се постојан дел од меѓународни поставки, биеналиња, триеналиња, симпозиуми(Унгарски милениум, Децата се ритамот на светот, Сараево 2014,  Славење на нашата планета…) и се наградени со многу унгарски и меѓународни награди. Постер дизајн студио го основа во 1991 година. Во 1997 година ја добива унгарската награда за уметност „Mihály Munkácsy“. Тој е основач на асоцијацијата „Унгарски постер“ и член е на Меѓународната алијансата за графички дизајн (AGI).

Ласко Џуровски

Ласко е македонски графички дизајнер и типограф. „Типо-кујна“ е успешен проект за креирање типографски решенија, чиј организатор е токму тој. Тој живее во Скопје каде и го основа своето студио за дизајн и типографија „Тотем“.

Член е на Type Directors Club од Њујорк од 2000 година. Автор е на 4 фонт фамилии со вкупно 80 фонтови наменети за ексклузивна употреба во Владата на РМ, како и за слободна дистрибуција, исто така и на 20-тина авторски фонт фамилии со околу 200 фонтови. Во моментов работи на развивање на неколку фонт фамилии за странски компании и реномирани компании специјализирани за мултијазични фонтови.

Негова желба е да го пренесе своето знаење за да може да се зголеми типографската сцена во Македонија, а со тоа и бројот на кирилични фонтови

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365