Home » Во фокусот » Познати претседателите на жириата за овогодинешниот Евробест

Познати претседателите на жириата за овогодинешниот Евробест

Евробест, европскиот фестивал на креативноста, кој ќе биде одржан од 1. до 3. декември во белгискиот град Антверп веќе ги прима пријавите во осумнаесет натпреварувачки категории. Од денеска пак, познати се и претседателите на жири комисиите кои ќе се сретнат во Антверп и ќе ги изберат најкреативните огласувачки проекти во Европа.

eurobest 2015 jury presidents

Евробест, оваа година додава две нови натпреварувачки категории и тоа здравствено осигурување и креативна ефикасност. “Употребата на креативноста во строго регулираниот свет на здравствено осигурување и влијанието кое го има креативноста во бизнисот на компаниите, во овој момент се во стредиштето на огласувачката индустрија. Со воведувањето на овие две категории ќе овозможиме увид во европските успешни проекти во овие полиња и ќе ги истакнеме агентите на промената“, рече Луис Бенсон, директорка на фестивалот Евробест.

Жирито во категоријата брендирана содржина ќе го води Марк Еавес, основач на британската агенција Gravity Road, жирито за дизајн ќе го координира Сандра Планета, основач и кретивен директор на шведското дизајнерско студио Planeta Design. За водење на жирито кое ќе ги оценува дигиталните и мобилните проекти задолжен е Џејмс Киркхам, глобалниот директор на полето за социјални и мобилни медии во агенцијата Leo Burnett.

Со жирито за директен маркетинг ќе претседава Чачо Публа (Lola/Mullen Lowe Group), со жирито за филмски огласи – Кристиана Дреслер (основач на ANORAK Film), со жирито за филм ќе претседава Бен Приест (основач на лондонската агенција Adam&EveDDB), со жирито за животно осигурување Мајк Роџерс (партнер во германската агенција Serviceplan Health & Life).

Дидрик Вело основачот на The Ambassadors Lab ќе го води жирито за иновации, Ана-Сесил Мичауд, глобалната директорка за стратегија на Hvas Media Group ќе го води жирито за медиски кампањи.

Проектите пријавени во категориите надворешно огласување и радиски огласи ќе ги координира Јенс Мортиера, партнер и креативен директор во белгиската агенвија Mortierbrigade, додека пак проектите на полето за односи со јавност ќе ги оценува жирито под палката на Marta Karlqvist (Cohn & Wolfe) a оние од категоријата промоција и активација ќе ги избере жири кое ќе го води Џефри Хантсон, главниот креативен директор во белгиската агенвија Happiness.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365