Home » Во фокусот » Познатиот моден бренд Гучи се извини за волнениот џемпер од 890 долари

Познатиот моден бренд Гучи се извини за волнениот џемпер од 890 долари

Познатиот моден бренд „Гучи“ се извини за волнениот џемпер, кој наликува на „црномуресто лице“ и соопшти дека производот е повлечен од онлајн понудата и од продавниците.

Во соопштението, „Гучи“ вели дека е посветен на разновидноста и смета оти тоа е „темелна вредност која треба целосно да се поддржи, да се почитува при секоја одлука, која се носи”.

Џемперот од црна волна кој чинел 890 долари, го покрива носот и има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи беше исмејувано како нечувствителна и расистичка работа.

“Сметаме дека разновидноста е темелна вредност што треба да ја негуваме и почитуваме, и секоја одлука, која ја носиме треба да ја темелиме на тоа. Ние сме целосно посветени на почитување на различноста во нашата организација и претворање на овој инцидент во една лекција за целиот колектив на Гучи“, тврдат од италијанскиот моден бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365