Home » Во фокусот » Како ПР гигантот Еделман го инкорпорираше својот сегмент за платени медиски услуги

Како ПР гигантот Еделман го инкорпорираше својот сегмент за платени медиски услуги

Една од светски најголемите ПР групации, Еделман, која со годни наназад важи и за еден од предводниците на ПР индустријата воопшто – пристапи кон проширување на своите основни услуги со преструктуирање кое предвидува нивниот тим за платени медиски услуги да биде и официјално позициониран како нов сегмент од групацијата кој ќе го носи името – Edelman Digital Performance Marketing.

“Како дел од нашите активности за дигитални социјални интеракции често добивавме нарачки за платени медиски услуги а сега и официјално го вклучуваме тој дел за нудење платени медиски услуги во нашата понуда“ – вели Кевин Кинг, предводник на одделот за дигитални операции во Еделман.

Во средината на минатата декада ние започнавме со нудењето услуги за социјални медиуми и дигитално присуство, и со текот на годините всушност станавме и една од најголемите агенции за социјални медиуми – менаџирајќи портфолио со преку 850 брендови на социјалните мрежи. Како што содржините на платформите како Фејсбук и Твитер мигрираа од присутноста преку органскиот досег кон присутноста со платен досег (reach), ние оддеднаш се најдовме во ситуација во која менаџиравме и прилично големи износи за медиско купување во име на нашите клиенти.

Еделман, која сега добива атрибут на “комуникациска маркетинг компанија“, својот тим во овој сегмент уште во 2013 година го прошири со неколку истакнати дигитални експерти кои одлично го познаваат светот на стратешките комуникации како на пример Касел Крол, претходно VP на медиа стратегии во Mindshare и Крис Паул, кој беше генерален менаџер на Публицис-овиот хаб за податоци и медиуми “Audience on Demand”. Тимот со годините достигна и до 60 вработени, по што почна да следуваат и значајни клиенти кои соработката со Еделман ја прошируваа и на ова поле – или почнаа да ја избираат Еделман баш поради “звучниот“ дигитален тим.

Џеј Патисал, аналитичат во Forrester, вели дека интеграцијата помеѓу односите со јавноста и медиумите оди рака-под-рака со нативниот контент. Тој додава дека ова е исто така тренд во агенцискиот свет каде многу ПР агенции се прошируваат со инкорпорирање на маркетинг услуги.

“Проширувањето на нивните маркетинг услуги и понуди не само што им овозможува поголеми можности за приходи, туку исто така им овозможува на агенциите да им обезбедат поинтегрирани решенија кои маркетерите во самите компании ги бараат“

Од друга страна Брајан Вајсер од Pivotal Research, вели дека иако не е баш вообичаено ПР компанија да ја проширува својата понуда со платени медиуми – тоа баш има смисла: “Ако погледете кон нај ефикасните форми за инвестирање во маркетинг комуникациски услуги, ПР-от е на првото место. Ако компаниите инвестираат поагилно во ПР, тогаш тие веројатно ќе заштедат на медиските трошоци“.

 

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365