Агенциите кои имаат поголема контрола над своите технологии за програматско огласување постигнуваат подобар успех според цела низа на критериуми кога станува збор за медискиот закуп и мерењето
Агенциите кои користат сопствени технологии за програматско огласување може да изградат подобри односи со издавачите и да испорачаат повеќе за своите клиенти, според една нова студија.
Студијата на компаниите ExchangeWire и iPonWeb, наречена Agents of Change: The Rise of the Programmatic Media Agency, се темели на одговорите од 129 испитаници кои работат на програматско огласување за маркетинг агенциите во Азиско –Пацифичкиот регион (APAC), регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка(ЕМЕА) и Северна Америка.
Студијата покажа дека речиси половина од агенциите (49%) се потпираат на сопствената технологија за програматски медиа закуп, една третина (34%) ги комбинира своите сопствени технологии со оние од трети страни; додека мал дел од нив (17%) се потпираат единствено на понудата од трети страни.
Агенции во регионот на ЕМЕА се на чело на овој тренд, односно 58% од испитаниците од овие региони користат само сопствена технологија; агенциите од Северна Америка (56%) ги следат во чекор, но агенциите од регионот APAC се далеку зад нив (33%).
Сепак, постои значителен поттик за агенциите да започнат со користење на сопствена технологија, затоа што истражувањата покажуваат дека агенциите кои имаат поголема контрола над своите технологии за програматски закуп, постигнуваат поголема ефикасност во голем број од клучните критериуми во областа на закупот и мерење на медиумите.
Конкретно, агенциите кои користат сопствена технологијата постигнале речиси три пати подобри резултати во мерењето на кампањите и анализата (50% со оценка “very strong“, за разлика од 18% за оние кои не користат исклучиво своја технологија).
Довербата која доаѓа со користење на сопствена технологија, исто така, ги охрабрува агенциите да бидат поамбициозни при поставување на целите во различни области, вклучувајќи ја и борбата против лажни огласи, подобрување на мерењето на кампањите, градење на прилагодени алгоритми за купување за индивидуални клиенти и се проширување на односите со издавачите.
Конечно, речиси две третини (63%) од агенциите кои користат само сопствени програматски технологии за закуп на медиумите имаат значителни подобрувања во нивната способност да градат односи со издавачите. За споредба, тоа изнесува само 33% за оние кои не користат исклучиво сопствена технологија.
“Затоа агенциите кои имаат сопствена технологија имаат контрола и конкурентна предност благодарение на подобрите перформанси на низа допирни точки во програматикот”, вели Брајан Фицпатрик,од iPonWeb.