Home » Во фокусот » Претставена новата колекција на часовниците Breitling „Navitimer 8“ во салонот на „Божиновски часовници и накит“

Претставена новата колекција на часовниците Breitling „Navitimer 8“ во салонот на „Божиновски часовници и накит“

Во опуштена атмосфера во ексклузивниот салон на „Божиновски часовници и накит“ пред вљубениците во овој авангарден бренд на часовници, меѓу другото беше претставена и новата колекција на часовници Breitling „Navitimer 8“,  колекција со која брендот годинава се претстави на најпознатиот саем за часовници „Basewlorld “, кој се одржува во Швајцарија. Присутните имаа ексклузивна можност да слушнат нешто повеќе за перформансите на новата колекција од главниот директор за продажба на Breitling за Источна Европа и Австрија, Г-динот Брукнер Томас, кој од блиску ги претстави сите новитети во компанијата но и трендовите во часовничарската индустрија.

„Преку претставувањето на новата колекција на Breitling се обидовме за момент да го донесеме духот на „Baselworld“ во Скопје, а истото најдобро може да се долови токму преку инвентивноста на овој бренд создаден за сонувачи и луѓе кои едноставно знаат како да ги живеат своите соништа. Големите промени кои се случуваат во часовничарската индустрија ја поттикнува инвентивноста кај самите брендови и новите колекции од 2018 година се своевидна круна на желбата да се постигне повеќе, но за нас како „Божиновски часовници и накит“ и дополнителна мотивација нашата земја и клиенти секогаш да ги држиме во чекор со најновите трендови во оваа индустрија“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

Од компанијата велат дека и понатаму ќе продолжат своите клиенти, но и сите пасионирани вљубеници во часовничарството, да ги информираат со најновите вести од светот на часовниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365