Home » Во фокусот » Претставено второто истражување за хрватската блогерска заедница

Претставено второто истражување за хрватската блогерска заедница

Денес на конференцијата DIABLOG се претставени резултатите од второто истражување за состојбата на хрватската блогерска сцена, кое во октомври оваа година го спроведе агенцијата Диалог комуникации. Во истражувањето учествуваа 171 активни блогери. Повеќето испитаници се жени (90,6%) кои живеат во Централна Хрватска, имаат помеѓу 25 и 35 години и се високо образовани (42,7%).

Иако својот блог и понатаму го сметаат за хоби, во однос на минатата година поголем број блогери заработуваат од него, а најмногу се присутни на Фејсбук и Инстаграм, чија употеба е во пораст. Иако видеото, како и минататa година го истакнаа како тренд, сеуште повеќето од блогерите не се занимаваат со видео продукција. Повеќето од нив месечно заработуваат помеѓу 3500 и 5500 куни.

Испитаниците навеле дека блоговите ги пишуваат помеѓу три и пет години (36,6%) и дека месечно објавуваат два до три блог постови (42,1%). Најзастапени категории се убавина (31%), храна (17%), мода (10,5%) и патувања (6,4%).

Поголемиот број на блогери соработуваат со некои брендови (77,8%), а соработката вклучува компензација во пари или производи/услуги.

Како топ трендови ги истакнаа јавувањата „во живо“, видеото и Instagram story. На брендовите им порачаа дека очекуваат повеќе платена соработка, повеќе почит спрема блогерската професија и отварање кон нови соработки и нови идеи.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365