Home » Во фокусот » Претставено жирито за BalCannes 2015

Претставено жирито за BalCannes 2015

marketing365-325x250

Изборот на најдобрите рекламни проекти во регионов, меѓу сите пријавени проекти на BalCannes, и оваа година ќе биде направен од жирито кое го сочинуваат угледни регионални професионалци кои претставуваат медиуми кои одблиску ја следат маркетинг индустријата.

Оваа година со жирито ќе претседава Борис Ефтимовски, основач на македонскиот маркетинг портал Маркетинг365 и маркетинг-директор во SunWireless.

Останати членови на жирито се и : Ивана Парчетиќ-Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing Mreza од Србија, Марјан Новак, директор и главен уредник на Marketing Magazin од Словенија, Екрем Дупановиќ, издавач и главен уредник на Media Marketing од Босна и Херцеговина како и Иван Брезак Бркан, интернет стратег, како и основач и главен уредник на Netokracija.

Повеќе информации за пријавувањето и роковите на BalCannes можете да погледнете на следниов линк: http://balcannes.com/

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365