Home » FMCG » Презентациите од првиот македонски FMCG Summit 2015!

Презентациите од првиот македонски FMCG Summit 2015!

Магазинот InStore пред две седмици го организираше првиот македонски FMCG Summit, на кој присуствуваа над 250 учесници од македонскиот FMCG-сектор.

FMGC_Skopje2

На конференцијата се зборуваше за трендовите и иновациите во FMCG-индустријата кај нас – во дистрибуцијата, малопродажбата, производството, за односот меѓу доставувачите и трговците, промоцијата и промотивните активности, како и за неопходноста од познавањето на другата страна на која ѝ се продава – првиот купувач, трговецот или крајниот купувач/потрошувач.

За сите оние кои беа присутни или оправдано отсутни, во прилог се презентациите на говорниците. Со кликнување на името на говорникот, линкот ве носи до соодветната презентација:

  • Среќко Накиќ, потпретседател, „Атлантик група” – Инспирација
  • Глигор Цветанов, генерален директор, „Макпрогрес” – Предизивиците  на патот кон успехот – успешен македонски FMCG бизнис-модел
  • Весна Кузмановиќ, консултант, ГфК – Уметност и/или наука: иновации во бизнисот
  • Дино Шкриељ, директор на логистика, „Кола” – Комплексноста на дистрибутивниот процес
  • Трајче Петровски, раководител на комерција, „Тинекс” – Што е добар доставувач за нас?
  • Даворка Биондиќ, консултант, „Бионди консалтинг” – Долгорочност на трговскиот партнерски однос
  • Владо Рикаловски, проект-манаџер, „Медиана” – Го познаваме ли македонскиот купувач?
  • Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер, „Бимилк” – Истакнување на производот од конкуренција и станување на лидер во категоријата
  • Тихомир Петрески, консултант, „Петрески & партнерс консалтинг” – Промоции
  • Даница Личанин-Блажеска, генерален директор, „Рептил” – Што се атрактивни промоции за трговците?
  • Горан Мирчиќ, трејд-маркетинг менаџер, „Пивара Скопје” – Продажни промоции во ТТ-каналот

Овде може да ја погледнете и галеријата со фотографиите.

Преземно од InStore.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365