Home » Во фокусот » Пристигна и новата Божиќна реклама на Apple

Пристигна и новата Божиќна реклама на Apple

Apple се приклучи на низата брендови кои неодамна ги претставија своите анимирани кампањи за оваа божиќна сезона, односно го претстави својот шармантен анимиран спот во stop-motion анимација, која се занимава со темите на креативност и споделување.

Сподели ги твоите подароци” е интегрирана кампања создадена од страна на агенцијата TBWA\Media Arts Lab, а анимацијата е направена од Buck Productions. Овај видео спот е основен елемент на новата кампања, а ја следи Софија, девојка која го крие својот дар на креативност од сите, се` додека не сфати дека нејзиниата креативност им носи радост на другите. Додека ја гледаме како го живее својот живот, има повеќе индикатори како нејзиниот внатрешен уметник кој излегува од неа; таа прави лица во тестото на работа во пекарницата и скици со прст на пареата од прозорецот во автобусот. Но, секогаш кога мисли дека некој ја гледа, таа се крие.

Видеото е направено со комбинација на компјутерски и рачно изработени ликови, давајќи им шармантен и невообичаен стил, додека музичката позадина е оригиналната песна “Come Out and Play“, напишана и испеана од 16-годишната Били Ејлиш, користејќи го само нејзиниот Mac.

Подолу погледнете го и видеото од процесот на снимање на рекламата:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365