Во пресрет на почетокот на 14-тото издание на регионалните награди SoMo Borac, кои го следат развојот на дигиталната индустрија и им одаваат признание на најдобрите кампањи, медиумски и рекламни содржини, веб-страници и апликации во регионот, SoMo Borac и Aleph организираат вебинар насловен „Пријава без грешка“.
Вебинарот ќе се одржи во вторник, 1 септември 2026 година, од 14:00 до 15:00 часот, а неговата цел е да им помогне на учесниците подобро да разберат како квалитетно да ја претстават својата перфроманс-кампања, како да ги поврзат деловните, маркетиншките и медиумските цели и јасно да ги докажат резултатите и вистинското влијание на проектот. Фокусот нема да биде само на постигнатите резултати, туку и на тоа како тие да се структурираат, објаснат и претворат во убедлива и јасна пријава.
На учесниците на вебинарот ќе им се обратат искусни предавачи со конкретни совети:
- Ружица Врдолаќ Личина (SoMo Borac) – зошто добрата кампања не значи автоматски и добра апликација и зошто жирито може да оцени само она што е јасно прикажано, објаснето и докажано.
- Тихана Седлар Крауз, претседателка на жирито на SoMo Advertising (Hrvatski Telekom) – како жирито пристапува кон читањето и оценувањето на апликациите, што го разликува добриот резултат од вистинското влијание и кои се најчестите грешки во „performance“ пријавите.
- Марко Микеш (Aleph) – како да се структурира „performance“ приказната: од деловниот проблем до „campaign insight“, како да се дефинираат мерливи цели и како да се докаже врската меѓу активностите и резултатите.
- Бригита Крог (Imago Ogilvy) – студија на случај за успешна пријава од агенцијата со одлични досегашни резултати на натпреварот: која приказна стоела зад пријавата и што би направиле поинаку денес.
Вебинарот ќе заврши со десетминутна дискусија со сите предавачи, во која ќе бидат одговорени и прашања од публиката.
Регистрациите се отворени, па на сите кои сакаат од прва рака да слушнат како да изградат „performance“ приказна која може да го убеди жирито, но и клиентите, им се препорачува да се пријават навреме. Регистрирањето е достапно на следниот ЛИНК.































