Home » Во фокусот » Приказната за амбициозниот проект на Nike за трчање на маратон за помалку од 2 часа

Приказната за амбициозниот проект на Nike за трчање на маратон за помалку од 2 часа

Еден маратон се трча во должина од 26.2 милји, а најголемиот рекорд за трчање на истиот постигнат е од Кениецот Dennis Kipruto Kimetto во Берлин за период од 2:02:57.

Nike во својот најнов проект, цели кон надминување на овој рекорд и трчање на маратонот за 2 часа. За да ја оствари оваа цел брендот во соработка со агенцијата Wieden + Kennedy и тројца легендарни атлетичари – Eliud Kipchoge, Lelisa Desisa и Zersenay Tadese, во Монца, Италија на легендарната Формула 1 патека за тркање, ја постави својата цел минатата сабота: да ја освои трката за трчање на маратонот за легендарни 2 часа- рекорд кој до сега не бил постигнат од никого. Иако  мисијата за само 25 секунди не беше остварена од страна на атлетичарот Eliud Kipchoge (кој маратонот го заврши за 2:00:25) за жал, подвигот нема да биде обележан како светски рекорд.

Но, самиот предизвик за надминување на бариерата од 2 часа  -“Breaking2” подвигот, заслужува пофалби, затоа што и самата кампања по себе е голем предизвик – предизвикува надминување на границите и редефинирање на способностите на самите атлетичари.
Breaking2” е инспирирана од моментот кога  сер-Roger Bannister ја истрчал првата милја за само 4 минути во 1954 година и од тогаш го редефинирал начинот на кој се гледало на ограничувањата во способностите на секој еден атлетичар.

“Вистинската цел на трчањето не е за да се победи на трката, туку да се тестираат лимитите на човечкото срце,” изјави ко-основачот на NikeBill Bowerman.
За трчање на маратон во временски период од 2 часа се расправа дека е невозможно –голем дел поради тоа што големо влијание  има брзината на атлетичарите, како и бројни параметри кои всушност се однесуваат на математички пресметки.
За еден маратон да се истрча во временски период од 2 часа, според статистиката, потребно е да дојде до подобрување на 2.41% од претходниот најдобар светски рекорд, што би било најдобро достигнување во ова поле во период од 50 години, односно во просек стапката за надминување на овој рекорд никогаш досега не надминала 1%.

За натпреварувачите да се подготват за предизвикот, Nike ги тестираше атлетичарите не само во нивната брзина за трчање, туку и во внесот на кислород за време на трчањето, во зачувување на енергијата за време на трчањето како и одржувањето на брзината за што е можно подолг временски период, што воедно значи дека атлетичарите не само што е потребно да ги надминат своите најдобри рекорди, туку и најдоброто време достигнато во категоријата.
За да се промовира “Breaking2”  подвигот, агенцијата W+K организираше целосна холистичка кампања поврзана со истиот. Кампањата ги промовира индивидуално секој од натпреварувачите, како што можете да погледнете и во секој од трејлерите во прилог на текстот.

Kipchoge има 32 години. Во 2012 година освои рекорд за најдобро време за половина-маратон истрчано за 59 минути и 25 секунди.За време на Лондонскиот маратон, маратонецот истрчал најдобро време од 2:03:05 .

Вториот натпреварувач,  Tadese, има 34 години и воедно ја носи титулата за трчање на 20 километри од Светскиот шампионат од 2006 година на IAAF што го прави и најдобриот маратонец од Еритреа. Во 2009 тој стана вториот човек кој освои 3 медали на Светскиот шампионат во три различни категории на патеки.Имено тој го добива и епитетот “Rocky Balboa на својата група” и во моментот е најдобар во трчање на половина маратон со рекорд од 58:23.

Последен во групата, но не и помалку важен од останатите е 26 годишниот Desisa, кој на маратонот во Дубаи во 2013 година дебитираше со најдобро освоено време од 2:04:45. По освојувањето на медалот на Бостонскиот маратон во 2013 година, тој го врачи медалот на градот Бостон во име на жртвите на бомбардирањето. Во 2015 година, тој повторно го освои првото место на истиот маратон со време од 2:09:17.

Брендот за натпреварувачите креира посебен тип на лесни обувки на чиј дизајн се работело активно од страна на брендот во последните 4 години. Nike Zoom Vaporfly Elite патиките се специјално дизајнирани за овој предизвик и модофицирани во согласност со потребите на атлетичарите со цел да обезбедат максимален перформанс.

Покрај обувките, за предизвикот разгледувани беа повеќе параметри, а првенствено времето. Временските услови биле и причината за изборот на патеката во Монза која се наоѓа на 600 стапки надморска височина и има клима поволна за трчање маратони (53 Фаренхајтови степени), а потоа и самата патека која е овално дизајнирана со постепени кривини што значат и воедно помалку потрошена енергија, совршени патеки за трчање и останати активности на терен, како хидратација, односно елиминирање на времето за запирање за пиење на течности со посебен развиен систем на достава.

Паралелно со маратонците трчаа и 30 други атлетичари за одржување на динамиката во трката помеѓу кои и многу звучни имиња од спортот, како Bernard Lagat, Chris Derrick, Sam Chelanga, Andrew Bumbalough и Stephen Sambu. 18 атлетичари имаа задача да го следат најбрзиот атлетичар додека останатите преостанатите двајца. Трката беше емитувана во живо на Twitter, YouTube и  Facebook, истата бележела  486,000 прегледи на YouTube и 5.2 милиони на Facebook. На  Twitter,  #breaking2 хаштегот е сеуште активен и буди големо внимание помеѓу корисниците на социјалниот медиум.
Трката започна во 5:45 наутро минатата сабота. Kipchoge прв ја заврши трката со време од  2:00:25, надминувајчи го светскиот рекорд за 2:32—, по него Tadese со време од  2:06:51 а трет беше Desisa кој ја заврши трката со време од 2:14:10.

Извор: AdWeek

Победникот Kipchoge изјави, “Напишавме историја.”
Adidas исто така по подвигот на Nike најави и своја кампања за трчање на 2 часовен маратон, во која воедно ќе лансира и нов модел на патики и најавува дека со новата технологија која ја развива веќе 2 години планира да го освои рекордот.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365