Home » Во фокусот » Принт оглас кој ги убива комарците и тоа на навистина традиционален начин

Принт оглас кој ги убива комарците и тоа на навистина традиционален начин

Пред неколку месеци агенцијата WMcCann од Бразил направи посебен прилог за магазинот Veja, со кој го промовираше инсектицидот Mat Inset. „Откријте два начини за да ги убиете инсектите“ порачува огласот и додава: „И двата се без мирис.“

Читателите се повикани да го извадат прилогот од магазинот и да го замотаат, со што ова парче хартија го завзема обликот на спреј шишето на овај производ.  Вака завитканиот оглас, може да се користи за – удирање по штетниците.

Во Бразил се појави денга треска – болест која е предизвиканаод каснувањето на комарците Aedes Aegypti“, објаснува креативниот директор на агенцијата Sérgio Franco. „Како креативна инспирација го користевме фактот што луѓето често се ослободуваат од комарците и инсектите со помош на замотани весници или списанија. Меѓутоа, откако го замотавме списанието, сфативме дека имаме ист облик како и шишето на нашиот производ.“

Во време кога принт огласите во списанијата користат напредна технологија за да привлечат внимание, овај оглас донесува многу едноставна и остроумна креативност што апсолутно заслужува аплауз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365