Новата амбалажа ќе може повторно да се користи и полни, односно желбата на Procter & Gamble е да се подигне свеста и да се променат навиките на потрошувачите
Procter & Gamble најави дека некои од нивните најпопуларни производи наскоро ќе добијат амбалажа за повеќекратна употреба. Новата амбалажа ќе може повторно да се користи и полни, односно желбата на Procter & Gamble е да се подигне свеста и да се променат навиките на потрошувачите. Како дел од партнерството со компанијата за е-трговија Loop, глобалниот лидер во рециклирање TerraCycle, претставено е решението “собирај и рециклирај”, кое ќе биде од голема помош во отстранувањето на отпадот. Многу од најголемите светски брендови на P&G, вклучувајќи ги Pantene, Tide, Cascade и Oral-B, ќе учествуваат во оваа иновативна идеја.
Loop е првото глобално решение кое овозможува амбалажата која се собира да се чисти и повторно да се полни и користи и го подига стандардот и практичноста во заштитата на околината. Loop, исто така, нуди можност за собирање на користени производи во домаќинствата на корисниците со цел понатамошно рециклирање или повторна употреба. P&G е првата компанија за производи за широка потрошувачка која се приклучи на Loop.
Партнерството е најавено на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, со акцент дека тоа дополнително ги подобрува целите на одржливиот развој на P&G за 2030 година и континуираната посветеност на компанијата за одржливи позитивни секојдневни активности.
Научниците и инженери на P&G развија иновативен метод на производство, пакување и дистрибуција кои ќе ги воодушеви потрошувачите и ќе им го олесни животот. Единаесет брендови на P&G ќе бидат достапни во Loop во еден од трите формати. Системот на Loop ќе биде потврден и оптимизиран преку вистински експерименти на учење на пазарот, почнувајќи од средината-2019 во Њујорк и Париз.
Омилените производи на многу домаќинства како Pantene, Tide, Cascade и Crest се дизајнирани нова, поиздржлива амбалажа со луксузно пакување кој нуди нови карактеристики и функционалност.
“Повеќе од 180 години работиме на иновации и подигање на свеста на потрошувачите на глобално ниво за да се обезбеди одговорното трошење”, изјави Виржини Хелиас, потпретседател на P&G и главен директор за одржливост. Ова е само еден од многуте начини на кои можеме да ги постигнеме нашите цели за 2030 година, во насока да се забрзаат одржливите иновации и да лансираме кружни решенија. Сега е време да се делува. Се обидуваме да ја фокусираме нашата сила кон подигнување на свеста на потрошувачите за да ги направиме одржливите решенија наше секојдневие. Иновативните партнерства се клучни за постигнување на оваа мисија, бидејќи никој не може да успее сам”, продолжи таа.
“Среќни сме што можеме да соработуваме со P&G и други глобални брендови, трговци, инфраструктурни компании и Светскиот економски форум со цел да создадеме нов начин на одговорно конзумирање на производите”, изјави Том Заки, извршен директор TerraCycle. Целта на Loop не е само за да се елиминира идејата за амбалажен отпад, туку и во голема мера да се подобри искуството и практичноста во начинот на кој купуваме. Преку Loop, потрошувачите ќе можат одговорно да консумираат производи во специјално дизајнираните трајни или целосно рециклирани пакувања. Преку моќта и досегот на познатите брендови, како што е P&G, ќе можеме да ги промениме навиките на потрошувачите и да го достигнеме опсегот потребен за постигнување на целите на моделот”.
Како работи Loop
- Трговија: Потрошувачите ќе ја посетат веб-страницата на Loop или веб-страницата на малопродажните партнери за да видат и купат сигурни трговски брендови редизајнирани за да не генерираат отпад.
- Достава: Потрошувачите ќе ги добијат своите трајни производи во ексклузивно дизајнирани торбици на Loop, со што ќе се отстрани потребата за еднократна амбалажа, како што се картонските кутии
- Уживање: Потрошувачите уживаат во елеганцијата и практичноста, а во исто време забораваат на идејата за фрлање отпадна амбалажа.
- Собирање: Нема потреба за чистење и фрлање; кога потрошувачите ќе завршат со користење на производот, ја ставаат празната амбалажа во една од нивните Loop торбички. Loop потоа директно ќе ги собере амбалажите од нивните домови.
- Чистење: Тим на научници на Loop разви прилагодена технологија за чистење, така што секој производ може безбедно да се користи повторно.
- Полнење, рециклирање или повторна употреба: Loop по потреба ги заменува производите и ги враќа повторно наполнети до потрошувачите. Користените производи како што се пелени, влошки, жилети или делови на четки за заби ќе бидат повторно употребени како секундарни суровини за друга намена или ќе бидат рециклирани.