Home » Во фокусот » Продолжуваат да растат инвестициите за огласување во Бугарија

Продолжуваат да растат инвестициите за огласување во Бугарија

Вкупниот износ на инвестиции во огласувањето на бугарскиот пазар во 2018 година пораснале за 11% во однос на претходната 2017 година. Тоа го покажува традиционалното истражување на медиската агенција Zenith, дел од комуникациската мрежа Publicis Groupe. Имено, минатата година за огласување во Бугарија биле потрошени вкупно 516 милиони лева, односно скоро 264 милиони евра.

Според проекциите на агенцијата, огласувачкиот пазар во Бугарија ќе продолжи да се зголемува и оваа година со раст од 9%, односно ќе достигне 549 милиони лева или околу 280 милиони евра. Растот ќе продолжи до 2021 година, кога се очекува вкупните инвестициите во рекламирањето да достигнат 604 милиони лева, односно скоро 309 милиони евра.

Не е изненадувачки што најголем раст забележуваат инвестициите во онлајн огласувањето, кои минатата година достигнале 120 милиони лева т.е. околу 61 милиони евра, што е за 16% повеќе од 2017 година. Според извештајот на Zenith, инвестициите во онлајн огласувањето ќе продолжат да се зголемуваат и до 2021 година ќе достигнат 168 милиони лева, односно скоро 86 милиони евра. И покрај значителниот раст, дури и по следните две години, инвестициите во онлајн огласувањето ќе бидат два пати пониски од оние во телевизиското огласување.

Пазарот во Бугарија продолжува да биде трајно доминиран од страна на телевизиите, така што 2/3 од медискиот микс отпаѓа на ивестиции во телевизиското оглсување. Минатата година биле потрошени 329 милиони лева, односно околу 168 милиони евра за телевизиски реклами, што претставува раст од 11% во однос на 2017 година.

Најмал број на инвестиции на бугарскиот пазар привлекуваат печатените медиуми – весници и списанија. Во 2018 година, биле потрошени само 8 милиони лева (4 милиони евра) за огласување во весници, односно 5 милиони лева (2,5 милиони евра) за огласување во списанија, што претставува пад од 33% за весниците и 27% за списанијата во однос на 2017 година. Според Zenith, инвестициите за огласување во печатените медиуми ќе продолжат да се намалуваат и до 2021 година, кога се очекува да привлечат само 4-5 милиони лева вкупно (2-2,5 милиони евра).

Мал пораст е забележан и во инвестициите за огласувањето на радио и во outdoor адвертајзингот, кои во 2018 година привлекле 13 милиони лева (6,6 милиони евра), односно 40 милиони лева (20,4 милиони евра), соодветно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365