Home » Во фокусот » Продукција Перспектива имплементираше „еколошки пријателска“ технологија на панелите за надворешно рекламирање

Продукција Перспектива имплементираше „еколошки пријателска“ технологија на панелите за надворешно рекламирање

Една убава новост деновиве ни стигна од Продукција Перспектива за скорешните нивни активности околу подобрување на услугата што ја нудат на нивните клиенти и преземање активности за заштита на околината.

Осветлувањето на рекламните тела е од клучно значење во надворешното рекламирање и упатување

Атрактивноста на рекламата, покрај другите елементи, во многу што зависи и од интензитетот на светлина што паѓа на рекламната површина. Имајки ги предвид новите технологии кои во меѓувреме се појавија на пазарот и со кои се овозможува примена на нови и подобрени производи кои истовремено се енергетско ефикасни и насочени кон заштита на природата, од Продукција Перспектива започнаа да го спроведуваст проектот за промена на постојните електрични инсталации со нова опремата – флуо цевки со лед технологија која е глобално призната како “апсолутна зелена технологија”.

Активностите се започнати со еден од најголемите клиенти на компанијата,  Млекарата „Здравје Радово“ кои ги користат рекламните панели за промоција на палетата на нови производи.

Zdravje+-Paneli-2

Конвенционалното осветлување е неефикасно и има висока емисија на јаглерод-диоксид и други компоненти базирани на јаглерод. Денес, кога се соочуваме со последиците на климатските промени и експанзија на населението, целите и активностите на Продукција Перспектива како општествено одговорна компанија, се насочени кон имплементација на „еколошки пријателска“ технологија.“ – велат од Продукција Персектива.

Со вградување на поквалитетните материјали и заштедата на електричната енергија директно се влијае за заштита на околината и генерирање на заштеди во работењето, а преку реализација и имплеменација на овој новопоставен проект, клиентите на компанијата и сите граѓани на градот ќе добијат дополнителна вредност од самата услуга за рекламирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365