Home » Во фокусот » Проект на Радио Канал77: „Дедо Мраз сакам нешто да ти кажам“

Проект на Радио Канал77: „Дедо Мраз сакам нешто да ти кажам“

На веб страната на Канал 77 беше активирана апликација преку која на многу едноставен начин најмладите слушатели можеа да “го контактираат“ Дедо Мраз и да му испратат текст, цртеж, фотографија, песничка или слично. Од пристигнатите содржини се одбираа 10-те најкреативни и истите деца беа посетувани од тимот на Канал77 во нивните домови каде им се доставуваа подароците.

Радио Мрежа Канал 77 втора година со ред како промотивна активност во која ги вклучува своите клиенти го реализираше проектот “Дедо Мраз сакам нешто да ти кажам“ .

Најмалите слушатели на Канал 77 и оваа година добија вредни подароци за својата креативност откако му ги споделија своите желби на Дедо Мраз, кој не заборави да ги посети во нивните домови изненадувајќи ги со прекрасни играчки, пакети млечни производи, облека итн.. Патувањето по влажните коловози за време на врнежи од снег, ја однесе екипата на Канал 77 во домовите на десетици семејства ширум Македонија, за да измами насмевка на убавите лица на дечињата, кои биле послушни во текот на претходната година.

Овие активности и изненадувања беа дел од проектот „Дедо Мраз, сакам нешто да ти кажам“ чие овогодишно издание финишираше деновиве.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365