Home » Во фокусот » Прогласени добитниците на SoMo Borac наградите на Weekend Media Festival

Прогласени добитниците на SoMo Borac наградите на Weekend Media Festival

Дваесетте членови на регионалното жири и преджиријата составени од членови на медиуми и дигитални професионалци имаа тешка задача да ги изберат најдобрите. Во вкупно осумте категории беа пријавени 123 проекти, а освен победниците, 3D печатена SoMo Borac награда добија и сите финалисти.

SoMo Borac

 Многу сме задоволни и со бројот на пријави и со нивниот квалитет, открива Ружица Врдолјак Личина, од организацијата SoMo Borac, а особено не радува големиот раст на пријави во SoMo Tech категоријата. Во однос на првата година, тука се случи значаен раст што јасно покажува какви трендови не очекуваат. Идејата SoMo Borac да има и едукациски призвук се продолжи и оваа година – сите финалисти беа прикажани на доделувањето за гостите на Weekend Media Festival да имаат најдобар увид во регионалната дигитална сцена.

Оваа година се доделени 24 награди. Статуетка на голем SoMo борец добија победниците на категориите, а мали статуетки финалистите.

SoMo Face:

Pioniri komunikacije, Drina plastika (победник)

Pioniri Communications – Lov i ribolov TV, United media

McCann Beograd – Raiffeisen banka

 

SoMust Have:

404, The Voice (HRT) (победник)

New Media – One Telecom

Cvoke – PIK Vrbovec

 

SoMo Content:

McCann Beograd, Infostud (победник)

Drap – Nescafe Srbija

Pristop – Nova KBM

 

Дигитален mix:

Imago reklamna agencija, 1/0, Drap – Hrvatska udruga Transplant (победник)

404 – The Voice, HRT

Pristop – Telekom Slovenije

 

Community manager на годината:

Martina Kolaček, 404 – The Voice (HRT) (победник)

Mila Perović, Jasno i glasno HBO Adria

Webtise – Uroš Kosanović, Guarana

 

Вирален blockbuster:

Imago reklamna agencija, Moje znanje (победник)

Ovation BBDO – UniCredit Bank

SVA – Agencija za bezbednost saobraćaja, Republika Srbija

 

SoMo Tech:

Pristop, Art Rebel 9, Zavoravalnica Triglav (победник)

Pristop – Bramac strešni sistemi

Pristop – Telekom Slovenije

 

Дигиталец на годината:

Jernej Špende, Pristop (победник)

Goran Jankuloski, Executive Group

Nikolina Petran, ZABA

SoMo Borac pobednici 2015

Проектите на финалистите и победниците може да ги прегледате на www.somoborac.com, а најновите вести од дигиталниот свет може да ги следите на Фејсбук страната на SoMo Borac (www.facebook.com/somoborac).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365