Home » Во фокусот » Прогласени финалистите на 25 Golden Drum фестивал

Прогласени финалистите на 25 Golden Drum фестивал

25-тиот Меѓународен фестивал на креативноста Golden Drum ја објави листата на финалистите на овогодинешното натпреварување. Речиси 1.200 креативни кампањи се пријавени во конкуренција за престижните Golden Drum награди, а сега е познато кои кампањи влегоа во првиот круг од жирирањето. Победниците ќе бидат објавени во петок вечер, на најочекуваниот настан на фестивалот, Гала церемонијата на наградите која ќе започне во 20.30h.

Во финалето влегоа 211 кампањи, кои можете да ги погледнете на следниот линк: https://goldendrum.com/showcase/

“Оваа година кампањите се различни и повеќе се однесуваат на промените кои се случуваат во нашето работење. Огласувањето се менува и сè повеќе го чувствуваме присуството на технологијата и науката во него. Најважно е дека се` уште имаме genius loci меѓу кампањите од регионот. Ова значи дека некои кампањи сè уште го носат во себе духот на ова подрачје, кој може да блесне на меѓународната сцена. Јас сум навистина среќен за тоа. Се надевам дека помогнавме во изборот на најдобрите кампањи”, изјави Душан Дракалски, претседателот WHAT жирито на Golden Drum и главен креативен директор за Европа во агенцијата Ray Productions.

Покрај претседателот Душан Дракалски, жирито во WHAT секцијата е составено од: Izabela Albrychiewicz, главен извршен директор, Wavemaker Полска, Susana Albuquerque, креативен директор, Uzina, Португалија, Sami Basut, креативен директор, Manajans/JWT Турција, Alexey Fedorov, извршен креативен директор, BBDO Москва, Русија, Wolfgang Kindermann, креативен директор, isobar Виена, Австрија, Maria Milusheva, креативен директор и партнер, Noble Graphics TBWA, Бугарија, Nataliya Morozova, главен извршен директор, Havas Group Украина, Alessandro Sabini, главен креативен директор, McCann Worldgroup Италија и глобален креативен директор за Nespresso, Италија, Martin Svetlík, дигитален креативен директор, McCann Прага, Чешка и Koenraad Lefever, креативен директор, Duval Guillaume, Белгија.

Креативните идеи во секцијата WHY, исто така ги коментираше претседателот на жирито и глобален извршен креативен директор на McCann Worldgroup и претседател на Европскиот совет за креативно лидерство, Адријан Ботан: “Сакам да им се заблагодарам на другите членови на жирито што дојдоа тука со отворен ум и што своето драгоцено време го посветија на проучување стотици студии на случај – и сето тоа за доброто на индустријата. Навистина сме горди на кампањите кои што завршија на листата на финалисти и верувам дека регионот креативно се развива. Тоа може да се види во бројот на кампањите кои се инспирирани од страна на локалните карактеристики и остануваат верни на идејата на основачите на фестивалот – принципот ‘genius loci’.

Жирито на секцијата WHY, покрај Адриан Ботан е составено од: Arina Avdeeva, извршрн директор и основач, Friends Москва, Русија, Ali Bati, главен креативен директор, Leo Burnett Букурешт, Романија, Arda Erdik, претседател и извршен креативен директор, Tribal Worldwide Истанбул, Турција, Bernd Fliesser, главен креативен директор, JANDL (Виена, Братислава,Прага), Словачка, Beata Híves, стратешки маркетинг и комуникациски советник, Унгарија, Jakub Korolczuk, извршен креативен директор, Grey Group Полска, Žarko Sakan, главен извршен директор, New Moment New Ideas Company, Србија, Maya Sharan, VP Creative, TBWA/YEHOSHUA, Израел, Mitja Tuškej, генерален директор, Direct Media и бренд стратег, Formitas BBDO, Словенија и Cristiana Zito, раководител на стратегија, DDB Барселона, Шпанија.

Повеќе за фестивалот Golden Drum дознајте на www.goldendrum.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365