Меѓунаротниог фестивал на креативноста Cannes Lions ги објави добитниците во категориите „Entertainment Lions“, „Entertainment Lions for Gaming“, „Entertainment Lions for Music“, „Entertainment Lions for Sport“, „Design“, „Digital Craft“, „Film Craft“ и „Industry Craft Lions“, во рамки на втората вечер за доделување награди на фестивалот.
Сајмон Кук, извршен директор на LIONS, изјави: „Нашите членови на жирито поставија нов креативен репер со овогодинешните добитници на Entertainment и Craft наградите. Овој корпус на дела покажува како крафтот ја трансформира вредноста на брендовите и корисничкото искуство, како и како моќта на фандомите ја гради релевантноста на брендовите и го поттикнува растот на бизнисот.“
Во „Entertainment Lions“, кои ја слават креативноста што го претвора брендираниот контент во култура, беа примени 656 пријави, а доделени се 20 награди: 3 златни, 6 сребрени и 10 бронзени. Гран при наградата ја освои кампањата „Original Forever“ за Adidas, изработена од Johannes Leonardo од Њујорк и Adidas во Лондон. Проектот се потпира на културното наследство на Adidas со бендот Oasis и создавањето официјален тур-мерч и културни моменти што ја зајакнуваат базата на фанови.
„Entertainment Lions for Gaming“, кои го наградуваат креативниот труд што ги поврзува луѓето со брендовите преку гејминг, добија 216 пријави, а жирито додели 8 награди: 1 златна, 2 сребрени и 4 бронзени. Гран при наградата беше доделена за проектот „Copycats Welcome“ за Clash Royale, изработен од агенцијата David од Њујорк. Проектот, насочен кон имитаторите на играта, ја комбинира брендираната филмска продукција, заедничка акција на заедницата и интерактивно гејминг искуство.
Во „Entertainment Lions for Music“, кои ги слават креативните музички соработки и брендирани музички содржини, беа примени 318 пријави, а доделени се 13 награди: 2 златни, 2 сребрени и 7 бронзени. Жирито додели и две Гран при награди: „Rosalía Ft. Björk, Yves Tumor – Berghain“ за Rosalía, изработено од Canada од Барселона и Rosalía од Барселона; како и „Original Forever“ за Adidas, од Johannes Leonardo од Њујорк и Adidas во Лондон.
Во „Entertainment Lions for Sport“, кои ја наградуваат креативноста поврзана со фан-културата, беа примени 660 пријави, а доделени се 21 награда: 3 златни, 6 сребрени и 11 бронзени. Гран при наградата ја освои „The Thousand Sponsors of Muni“ за Club Deportivo Municipal, изработена од McCann од Лима. Проектот создаде спонзорска платформа која ги претвора навивачите на фудбалскиот клуб во спонзори и отвори национален разговор.
Во категоријата „Design“, од 792 пријави беа доделени 26 награди: 5 златни, 8 сребрени и 13 бронзени. Гран при наградата беше доделена на „Apple TV Rebrand“ за Apple, изработена од TBWA\Media Arts Lab од Лос Анџелес и Apple од Купертино. Редизајнот на брендот е исто толку филмски колку и содржините што ги претставува, со крафт што носи тежина, текстура и присуство како и самите филмови и серии.
Категоријата „Digital Craft“ доби 355 пријави, а доделени се 11 награди: 2 златни, 3 сребрени и 5 бронзени. Гран при наградата беше доделена на „Project Genie“ за Google, изработен од Google од Маунтин Вју. Проектот претставува прва примена од ваков вид на моделот Genie 3, поврзувајќи ги истражувањата на DeepMind со функционален кориснички интерфејс.
Од 1.433 пријави во „Film Craft“, беа доделени 43 награди: 6 златни, 15 сребрени и 21 бронзена. Гран при наградата беше доделена за проектот „Your Way Out“ за Coinbase, изработен од Isle of Any од Њујорк, филм што ги преиспитува перцепциите за современиот финансиски систем преку естетика на видео игри и оригинален крафт.
Во „Industry Craft“ беа примени 649 пријави, а доделени се 18 награди: 2 златни, 5 сребрени и 10 бронзени. Гран при освои „Tiny Coffee Shops“ за De’Longhi, изработена од LOLA од Мадрид. De’Longhi трансформираше пет иконични машини за кафе во рачно изработени минијатурни кафулиња, со што ја промени перцепцијата за домашното кафе и ја продлабочи ангажираноста со брендот.
На сцената во живо беше доделена и специјалната награда Cannes LionHeart Award, која оддава признание на поединец што ја користи својата платформа за да направи значајно и долготрајно влијание во светот, а оваа година му припадна на Опра Винфри, глобален медиумски лидер, продуцент, филантроп и актерка.
Сите финалисти и добитници се достапни за разгледување на платформата The Work. Повеќе информации за фестивалот се достапни на canneslions.com.































