Home » Во фокусот » Програми за лојалност: секој начин е добар начин за да се стигне до корисниците

Програми за лојалност: секој начин е добар начин за да се стигне до корисниците

Потрошувачите зголемено бараат различни методи за комуницирање.

Потрошувачите сега бараат варијации на начини за комуникација со програмите за лојалност.Новните преференци се изменети од пред само една година, во согласност со новото истражување на компанијата за мобилен маркетинг 3Cinteractive.

Учесниците во истражувањето биле замолени да изберат еден канал преку кој сакале да комуницираат.

Извор: www.emarketer.com

Минатата година ваквиот тип на комуникации се одвивал преку два канала: праќање на пораки и е-маил.Во 2016 година скоро половина од испитаните корисници од САД се изјасниле како преферираат да бидат известувани за лојалните програми по пат на СМС. Само ¼ се изјасниле дека преферираат за истите да бидат известени по пат на е-маил порака.

Само една година подоцна, само 21% од респондентите избрале текстуални пораки од лојалните програми.Е-маил не бил понуден како опција за преферирани канали при изборот.

Можеби причината за изборот на повеќе канали се должи на тоа што на респондентите во гласањето за оваа година (2017), понудени им биле повеќе фрагментирани избори и канали.

На пример 21% од репосндентите рекле дека преферираат да добијат информации за лојални програми со ‘’push notification’’, а скоро (18%) избрале опција ‘’mobile wallets.’’

Други 10% рекле дека преферираат виртуелни асистенти. Во секој случај истражувањето демонстрира дека програмите за лојалност стануваат значајна маркетинг алатка за компаниите од областа на продажбата.
Меѓутоа само затоа што еден потрошувач ќе се приклучи на програмата за лојалност на една компанија, не значи дека ќе стане нејзин активен корисник.

Извор: www.emarketer.com

Податоци од истражувањето од 2016 на компанијата Bond Brand Loyalty, во соработка со Visa, откриваат дека корисниците на Интернет од САД се корисници на 13 различни програми за лојалност (генерално земено), но, активно учевствуваат само во половина од нив.

 

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365