Home » Во фокусот » Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година и промовираше ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите.

Истражувањето за застапеноста на родот во телевизиските програми се состои од две анализи – едната за родовите прашања во програмските концепти и содржини на дневно-информативните емисии на телевизиите на национално ниво, а другата на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во рекламите.

Наодите од истражувањето покажуваат дека темите кои можат да бидат обработувани од родов аспект не се препознаваат од новинар(к)ите и од ТВ куќите, а родовите прашања и теми имаат ниско ниво на застапеност во дневно-информативните изданија. Мажите, носители на високи јавни функции, се јавуваат во повеќе различни прилози на ниво на дневно издание на вестите, најчесто во улога на соговорници, а продолжува и трендот на користење машки граматички род како универзален во претставувањето на професиите и функциите. Генерално, медиумите, темите поврзани со родот ги третираат неутрално, но, се забележува делумно позитивен тренд онаму каде што бројот на уреднички е поголем.

Во однос на рекламите, забележливо е дека постои одредена изедначеност во поглед на застапеноста на мажи и жени актер(к)и, додека во поглед на нараторството забележлива е доминација на машкиот глас кај домашните и кај странските.

Во рамки на медиумската кампања „Сексизмот понижува“ беа презентирани и два телевизиски и еден радио спот, чија цел е подигнување на свеста кај јавноста и кај медиумските работници за важноста на родовата еднаквост и надминување на родовите стереотипи и предрасуди кои можете да ги погледнете во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365